Околу 650 ученици денеска не дојдоа на настава. Училиштето „11-ти Октомври“ во центарот на Скопје останува затворено, се додека не бидат готови лабараториските анализи.
-
Македонија 18.09.2015 15:15
-
Македонија 18.09.2015 13:42
Над 83 илјади мигранти добиле потврди за азил
Уште 1.623 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени на странски државјани од осум часот вчера изутрина до осум часот утринава. Таков документ од 19 јуни годинава досега е издаден на 83.272 странски државјани, соопшти денеска Министерството за внатр
-
Македонија 18.09.2015 13:17
Хан: Исполнување на договорот и фокусирање на реформите
Овој период е од исклучеително значење да се продолжи онаму кај што се застана со спроведување на реформите, за да може во октомври Европската комисија да даде препорака за почеток на преговорите.
-
Македонија 18.09.2015 12:09
Акција „Гора“: Фатени седум лица кои вршеле незаконска сеча
Полицијата и вработени во Македонски шуми на стариот пат Велес-Прилеп затекнале седумина на возраст од 17 до 45 години како бесправно сечат дрва.
Им биле одземени три патнички возила, три моторни и две рачни пили и околу 5 метри кубни огревно дрво.
-
Македонија 18.09.2015 12:04
Керим: Владината номинација признание за мојата досегашна работа
Одлуката на владата да ме номинира за позицијата Генерален секретар на Обединетите нации за мене лично е голема чест и признание за мојата досегашна дипломатска работа и активности на меѓународен план, вели во денешната писмена изјава Срѓан Керим, поранешен шеф на македонската дипломатија и 62-ри
-
Македонија 18.09.2015 10:56
Македонија во жолта фаза, денеска највисоки температури
Македонија е во жолта, алертна фаза. Денеска се очекуваат највисоки температури споредбено со изминатите денови. Максималната температура во поголем дел од земјава, ќе биде во границите од 30 до 36 степени. Се очекува и понатаму најтопол регион да биде повардарскиот.
-
Македонија 18.09.2015 10:38
Зголемена финансиска поддршка за производителите на домати
Градинарите кои од 26-ти јуни до 15-ти август ги предадоа доматите во домашните преработувачки капацитети или за извоз по цена не повисока од 5 денари ќе добијат субвенција од 6,5 денари за килограм.
Пријавувањето за оваа поддршка е до 30 ноември.
-
Македонија 18.09.2015 10:03
Училиштето „11-ти Октомври“ затворено, се испитува причината за труење на учениците
Во основното училиште „11-ти Октомври“ во Општина Центар денеска нема настава поради труење на ученици.
-
Македонија 18.09.2015 09:28
Хан во Македонија на средби со политичките лидери и на состанок за ХЛАД
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан пристигна во Mакедонија. Ќе учествува на високиот политички дијалог меѓу Европската комисија и македонската Влада.
-
Македонија 18.09.2015 09:04
Собранието ќе гласа за продолжување на рокот за кризна состојба
Собранието денеска на 70-тата седница има единствена точка на дневниот ред - Предлог-одлука да се одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба до 15 јуни 2016 година поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.










