-
Македонија 17.09.2015 08:33
Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево
Сообраќајот на патот Охрид-Кичево, кај планинскиот превој Пресека-село Врбјани, денеска ќе биде во прекин од 14 до 16 часот, поради изведување градежни работи на патот (минирање). -
Македонија 16.09.2015 17:01
Земјоделство: Со природни препарати до зголемено производство и квалитет
Со примена на најнови прпарати на природна база за прихрана на растенијата до зголемено производство и поквалитетен еколошки производ.
-
Македонија 16.09.2015 16:45
Проекти: Инвестиции во здравството и социјалата
Стотици граѓани досега ја користеле лабораторијата за ин- витро фертилизација и замрзнување на полови клетки и ембриони, на Клиниката за гинекологија. Кај дел од нив имало успех, други го очекуваат. Во овој проект се вложени околу 15 милиони денари.
-
Македонија 16.09.2015 15:57
Лековите се безбедни, аптеките генерално ги почитуваат правилата
Лековите во земјава се безбедни и квалитетни, достапни за сите граѓани – тврди регулаторот на пазарот. Агенцијата за лекови на годишнината од основањето даде отчет за сработеното. Зајакната е контролата над аптеките, кои генерално ги почитуваат правилата.
-
Македонија 16.09.2015 15:14
Јолевски: Македонски придонес во одбраната на ЕУ
Зајакнувањето на соработката со Европската унија на одбранбено поле е од добробит за Македонија и комплементарен чекор за унапредување на заедничката оперативност исто како и со НАТО, нагласил министерот за одбрана Зорен Јолевски на средбата со извршниот директор на Европската одбранбена агенција
-
Македонија 16.09.2015 15:08
Специјалната обвинителка ја презеде должноста
Даде свечена изјава пред Советот на јавните обвинители и официјално ја презеде должноста специјален обвинител.
-
Македонија 16.09.2015 14:52
Во Македонија не е увезено спорното пилешко од Хрватска
Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна на ЕУ откако вчера од хрватските маркети беше повлечено од промет замрзнато пилешко месо.
-
Македонија 16.09.2015 14:25
Наградени најдобрите дипломци на УКИМ
Маја Тишовска дипломирала на Филолошкиот факултет со просек десет. Вели дека во моментов ја спрема магистерската теза и е вработена, но се надева дека еден ден своето образование ќе го продолжи на еден од најреномираните универзитети во светот. Засега останувам во Македонија, вели таа.
-
Македонија 16.09.2015 13:02
Поддршка за имплементацијата на родовата еднаквост
Генерално жените се недоволно вклучени во политичкиот и во општествениот живот, а тоа најмногу се гледа во средните во кои доминира албанското и ромско население. За таа цел ќе почне имплементација на проектот посветен на родовата еднаквост финансиран од ЕУ.
-
Македонија 16.09.2015 12:47
За 24 часа издадени 2.107 потврди за азил
Во изминатите 24 часа МВР има издадено потврди на вкупно 2.107 странски државјани, од кои 1.315 се од машки пол, 299 се од женски, 401 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 92 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на










