Претседателот Ѓорге Иванов го прими Ивица Дачиќ, прв потпретседател на владата и министер за надворешни работи на Република Србија. Двајцата соговорници размениле мислења за билатералната и регионалната соработка и за евроинтеграциите.
-
Македонија 15.06.2015 14:51
-
Македонија 15.06.2015 14:44
Проработе новата фонтана на градскиот плоштад во Скопје
Почна да работи новата фонтана на градскиот плоштад во Скопје. Фонтаната е со правоаголна форма и е со димензии 20 на 10 метри. Се наоѓа меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и Камениот мост.
-
Македонија 15.06.2015 13:33
Почина и четвртото момче повредено во сообраќајката во Куманово
Почина и четвртото момче кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа која на 9-ти јуни се случи во кумановската населба Бедиње.
17 годишникот кој се лекуваше на Ургентниот центар во Скопје им подлегнал на повредите.
-
Македонија 15.06.2015 13:30
Резултати од екстерното тестирање на учениците од деветто одделение
Државниот испитен центар информира дека денеска ќе бидат објавени резултатите од јунската сесија на екстерното проверување на постигањата на учениците од деветто одделение. -
Македонија 15.06.2015 13:28
Труење со храна: Шест лица хоспитализирани на инфективна клиника
Шест лица вчера се хоспитализирани на инфективната клиника поради труење со храна. Труењето се случило на семејна веселба во скопски ресторан, каде што присуствувале 60-тина гости.
Инспектори од Агенцијата за храна го истражуваат случајот.
-
Македонија 15.06.2015 13:26
Иванов- Митов: Продолжување на евроинтеграциите
Претседателот Иванов оствари средба со бугарскиот шеф на дипломатијата Даниел Митов. Размениле мислења за актулените политичко економски состојби во државава и во регионот со акцент на стабилноста, безбедноста и евроатланските процеси.
-
Македонија 15.06.2015 13:12
ЦЕИ: Министерски состанок со акцент на мигрантите
Иако главна мисија на овој меѓувладин форум е поддршка на земјите членки на ЦЕИ во евроинтегративниот процес, очекувано, како приоритет се наметна проблемот со мигрантите од кризните региони на блискиот исток и Африка.
-
Македонија 15.06.2015 11:06
Ќе се воведува месечен зелен картон
Покрај едногодишниот, од сега граѓаните ќе можат да си купат и едномесечен зелен картон. Премиерот Груевски објави дека владата подготвува измени во регулативата пред почетокот на туристичката сезона.
-
Македонија 15.06.2015 10:03
Македонија во жолта фаза
Целата територија на Република Македонија од денеска ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза. -
Македонија 15.06.2015 10:01
Матурантите полагаат втор предмет од државната матура
Во сите средни училишта се полага вториот странски јазик од државната матура. Најголем број од матурантите имаат избрано англиски јазик. Бројот на кандидатите што се пријавиле да ги полагаат останатите предмети е многу помал.










