• Македонија 11.06.2015 16:45

    МВР: 128 мигранти се криеле во Ваксинце

    Влошената безбедносна состојба во родните земји, ги натерала да избегаат. 128 мигранти од Сирија и од Ирак, по илегални премини, користејќи ја пред се грчката граница стигнале до Македонија. Во кумановско Ваксинце чекале погоден момент за да заминат во западноевропските земји.

  • Македонија 11.06.2015 16:05

    Наградени најдобрите млади програмери

    Финансиски поттик за младите програмери. Агенцијата за малди и спорт додели награди за најдобрите софтвер-инженери во вредност од 150 илјади денари.

  • Македонија 11.06.2015 15:18

    Промовиран националниот Геопортал

    Просторните податоци од сите институции од денеска се достапни на националниот геопортал. Изработени се по европски стандарди, а може да ги користат и граѓаните и приватните компании за создавање нови производи со додадена вредност.

  • Македонија 11.06.2015 15:05

    Средношколците полагаат државна матура

    За едни лесно, за други тешко. Поделени ставовите на средношколците кои денеска го полагаа првиот задолжителен предмет од државната матура, мајчин јазик и литература. Иако имаат четири часа да напишат есеј и да одговорат на зададените прашања, на некои им беа доволни само час и половина.

  • Македонија 11.06.2015 15:00

    Приведени четворица жители на Ваксинце- криумчареле мигранти

    Четворица жители на кумановско Ваксинце се приведени синоќа под сомнение за криумчарење мигранти. Своите домови им ги изнајмувале по сума од 1.500 евра месечно.

  • Македонија 11.06.2015 14:52

    Директорите на ФЗОМ ќе ги посетат стручните служби низ Македонија

    Еден ден во неделата директорите на Фондот за здравствено осигурување ќе поминуваат во подрачните служби низ земјава. Прва беше скопската подрачна служба.

  • Македонија 11.06.2015 13:52

    Обновена патната мрежа во Волково

    Локалниот пат од Стопански двор кон село Свиларе во должина од 786 метри и 4 метри ширина и од Стопански двор кон локалните гробишта со должина од 284 метри и 7 метри широчина во населба Волково, општина Ѓорче Петров денеска свечено беше пуштен во употреба.

  • Македонија 11.06.2015 13:22

    Груевски на форум „Кран Монтана“ во Брисел

    Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел учествува на престижниот „Кран Монтана“ форум кадешто има и свое обраќање.

  • Македонија 11.06.2015 12:51

    Околу 120 мигранти откриени во Ваксинце

    Рано изутрината полицијата спроведе акција во кумановското село Ваксинце, каде што илегално престојувле голем број илегални мигранти.

    Според првичните информации, откриени се околу 120 илегални мигранти, од кои триесетина биле сместени по куќи во селото.

  • Македонија 11.06.2015 11:22

    Оглас за сертифициран градинарски расад

    За се добие поквалитетно производство министерството ќе понуди земјоделско земјиште за изградба на оранжерии за сертифициран градинарски расад.

    Површините се наоѓаат во  Струмица, Гевгелија и во Валандово.

    Новите расадници ќе имаат вкупно 12 хектари државно земјиште.

Pages