Двајцата обвинети што признаа вина нема да минат три месеци во затвор доколку во наредната година не сторат слично кривично дело, беше одлуката на судот. Едниот од обвинетите на распитот рече дека дошол доброволно со велосипед да прортестира мирно.
-
Македонија 02.06.2015 17:04
-
Македонија 02.06.2015 16:48
Маратонска средба на еврокомесарот Хан со лидерите на четирите најголеми партии
Повеќе од седум часа средба на евркомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, со лидерите на четирите политички партии во земјава. Во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав, тече средбата, но засега нема никакви информации за досегашниот тек на разговорите.
-
Македонија 02.06.2015 16:15
Поголема свест за возење велосипед
Иако има 84 години, скопјанецот Миле Станковиќ активно вози велосипед. Секоја година ги вози маратонските тури, посебна страст му се планинските трки. Последната била на Жеден.
-
Македонија 02.06.2015 16:04
Подигнат квалитет на образование, проектот за екстерно- унапреден
Подигнат е квалитетот на образованието во Македонијa, проектот екстерно тестирање е унапреден - оценува Светската интернационала за образование.
-
Македонија 02.06.2015 14:50
Успешно започна екстерното тестирање
Успешен старт на екстерното тестирање. Учениците кои го минаа првиот предмет задоволни велат - прашањата биле лесни, имале доволно време да се подготват.
-
Македонија 02.06.2015 14:33
Ахмети се придружи на средбата на Груевски и Заев со Хан
Лидерот на ДУИ Али Ахмети попладнево се приклучи на разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, што веќе неколку часа траат во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Се очекува подоцна на средбата да се прид -
Македонија 02.06.2015 14:00
Метео
Сончевото и потопло време продолжува и утре со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Ќе биде претежно стабилно и тивко, а од четврток на повеќе места се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.
-
Македонија 02.06.2015 13:20
Судот одлучува за втората група притворени демонстранти
Втората група демонстранти на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Осомничени се за учество во насилните протести пред владата на 5-ти минатиот месец, биле дел од толпата што спречила службено лица во вршење службено дејствие.
-
Македонија 02.06.2015 13:14
Украдени 16.500 евра и златен накит од два стана во Скопје
Во два стана во Скопје вчера биле извршени кражби, при што се одземени вкупно 16.500 евра. -
Македонија 02.06.2015 13:05
„Македонија 2025“ бара брзо решение на политичката криза
Организацијата „Македонија 2025“ бара брзо решение на политичката криза. Изразува загриженост поради состојбата во земјава. Ги повикува политичките лидери да дејствуваат мудро и да донесат решение.









