• Македонија 01.06.2015 17:24

    Почнува екстерното тестирање

    Учениците од основните и средните училишта се подготвени за утрешниот старт на екстерното тестирање. Ќе се полагаат два предмети. Испитот ќе содржи 30 прашања, со четири понудени одговори. Прашањата подолг период ги имаше на интернет.

  • Македонија 01.06.2015 17:14

    ВМРО-НП: СДСМ да ги објави сите материјали

    Молк од СДСМ откако ВМРО-Народна ја повика опозициската партија да ги објави аудио-материјалите од прислушувани разговори за нивниот лидер, Љубчо Георгиевски. Тие инсистираа да се објави сѐ, почнувајќи од 2003-та па досега, со кого разговарал Герогеисвки и на кои датуми.

  • Македонија 01.06.2015 17:05

    Самит 100: Иванов мeѓу политичките и бизнис лидери во Порторож

    Под мотото нов договор за нова ера се одвива Самитот 100 бизнис лидери од ЈИЕ, во Порторож Словенија, на кој учествува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Претходно Иванов оствари средби со словенечкиот претседател Борут Пахор и хртватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ.

  • Македонија 01.06.2015 16:38

    Повисока социјална помош од денеска

    За 10 проценти се зголемува социјалната помош, а за 25 проценти поголем надоместок ќе земаат родителите на деца со пречки во развојот од материјално необезбедени семејства. Поголем паричен надоместок ќе имаат и згрижувачките семејства. Мерките стапуваат на сила од денеска.

  • Македонија 01.06.2015 16:13

    „За повеќе детски насмевки“- одбележан Денот на згрижувачки семејства

    Низакет Реџепи секој ден готви, се грижи и воспитува четири деца. Две се нејзини, а две ги згрижила. Вели, дека децата ја заслужуваат сета љубов на овој свет. Ги чува и ги воспитува како свои. Вели, не е лесно, но треба трпение само така  може да постигнеш сѐ.

  • Македонија 01.06.2015 15:19

    Пролетно чистење на општина Бутел

    Град Скопје заедно со јавните градски претпријатија почна акција за пролетно чистење на Општина Бутел. Ќе се чистат атмосферската и фекалната канализација. Ќе се направи преглед и на водоводната мрежа, а ќе се работи и на уредување на јавните зелени површини.

  • Македонија 01.06.2015 15:11

    Агенција за разузнавање: Кривична одговорност за откривање идентитет

    Јавното посочување на идентитетот и фотографии на вработени во агенцијата за разузнавање е загрозување на нивната лична безбедност, безбедноста на семејствата на вработените и загрозување и поткопување на законските надлежности и методите на работа, соопштуваат од Агенцијата за разузнавање, по на

  • Македонија 01.06.2015 15:01

    19-годишен Македонец загина во сообраќајна несреќа во Србија

    19 годишниот македонски државјанин Мартин М. почина во болница од повредите, а неговиот брат Никола е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 13 часот на автопатот Ниш- Прешево, кај Бујановац.

  • Македонија 01.06.2015 14:45

    Еврокомесарот Хан утре во Скопје- ќе присуствува на четвртата лидерска средба

    На четвртата средба на политичките лидери на четирите најголеми партии ќе присуствува и комесарот за соседска политика, Јоханес Хан кој во вторник ќе допатаува во Скопје.

  • Македонија 01.06.2015 14:04

    Метео

    Сончевото и топло време продолжува и утре. Во попладневните часови е можна само изолирана појава на краткотраен дожд.

    Вредноста на УВ индексот ќе биде висока со коефициент 8.

    Во среда ќе биде сончево и потопло, а од четврток на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Pages