Во Клубот на пратениците во Скопје, почна средбата на лидерите на четирите најголеми партии: Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.
-
Македонија 14.05.2015 15:09
-
Македонија 14.05.2015 14:57
Построги казни за непочитување на Законот за минимална плата
Со построги казни надлежните ќе ги дисциплинираат несовесните работодавачи. За непочитување на законот за минимална плата инспекторите веднаш ќе пишуваат казни. Според ресорното министерство ваквата мерка ќе даде резултат.
-
Македонија 14.05.2015 14:35
Метео
Работната седмица ја заокружуваме со сончево и топло време проследено со мала облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во текот на викендот особено во недела се очекуваат врнежи од дожд на места поројни со појава на грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 14.05.2015 14:12
Обвинение за четворица насилни демонстранти приведени во протестите од 5-ти мај
За четворица од демонстрантите што беа приведени од полицијата по протестите од 5-ти мај е покренат обвинителен предлог.
За деветмина се чека одлука од обвинителството дали ќе добијат кривична пријава, велат за МТВ од скопскиот Кривичен суд. Наскоро ќе биде закажано и судското рочиште.
-
Македонија 14.05.2015 13:45
Отворени телефони за помош на настраданите кумановски семејства
Црвениот крст на Република Македонија обезбеди хуманитарна помош за 110 семејства засегнати од неодамнешните настани во населбата „Тоде Мендол“ во Куманово.
-
Македонија 14.05.2015 13:17
МЗШВ: Да не се чека крајниот рок за поднесување барања за земјоделски субвенции
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците да не ги чекаат последните денови од месецов за поднесување барања за земјоделски субвенции. -
Македонија 14.05.2015 13:03
Лидерска средба на четирите најголеми партии, амбасадорите Бејли и Орав набљудувачи
Лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА денеска во 14 часот и 30 минути ќе одржат лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје.
-
Македонија 14.05.2015 12:39
Поради отсуство на адвокатите, одложено судењето на Верушевски
Во Кривичниот суд беше одложен почетокот на судењето на екс- директорот на ДБК, Зоран Верушевски, поради отсуство на адвокатите.
-
Македонија 14.05.2015 11:27
Лидерска средба со присуство на Орав и Бејли?
Неофицијално, за денеска во Kлубот на пратениците е најавена лидерска средба меѓу претседателите на четирите најголеми партии, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.
-
Македонија 14.05.2015 10:15
Коѕиас во јуни ќе ја посети Македонија
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во јуни ќе го посети Скопје, во рамките на неговата турнеја по главните градови на Западен Балкан.










