-
Македонија 07.04.2015 14:00
АМСМ: Сообраќајот на патот Скопје - Велес во прекин поради одрон
Сообраќајот на патниот правец Скопје - Велес, кај црквичките, од 12 часот е во прекин поради поголем одрон. Зафатени се двете коловозни ленти, а сообраќајот е комплетно во прекин за сите видови на моторни возила, соопшти АМСМ. -
Македонија 07.04.2015 13:21
Во Будимпешта почнаа разговорите за проектот „Турски тек“
Енергијата и рускиот гас, главна тема на состанокот за енергетска безбедност во Будимпешта, на кој учествува министерот за надворешни работи Никола Попоски, со колегите од Унгарија, Србија, Грција и Турција.
-
Македонија 07.04.2015 12:53
Заев на распит во обвинителството за случајот „Поткуп“
Лидерот на СДСМ Зоран Заев повторно е во Обвинителството. Тој даде исказ за обвинувањата против него за корупција, при што е осомничен дека побарал 200 илјади евра мито од струмички бизнисмен.
Лидерот на СДСМ веќе беше во обвинителството за истиот случај минатиот петок.
-
Македонија 07.04.2015 12:26
Гостивар: Полицијата расветли 14 кражби
Полициската станива во Гостивар расветли 14 тешки кражби, кои во февруари и март годинава биле извршени во куќи во Гостивар и околните населби. Осомничени и кривично пријавени се А.Х.(22) од Гостивар и А.О. (20) од Кавадарци, со времено престојувалиште во Гостивар.
-
Македонија 07.04.2015 12:17
Стружанец заработи кривична пријава за бесправно градење
Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против А.М (51) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“,, соопшти МВР.
-
Македонија 07.04.2015 12:12
Ограбена аптека во Центар
Вчера околу 20.00 часот на ул.„50-та девизија“, поточно во аптека „Еурофарм“, непознат сторител, маскиран и вооружен со нож извршил разбојништво.
Од лице вработено во аптеката одзел сума на пари од околу 16.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
-
Македонија 07.04.2015 08:39
Во Будимпешта- министерски состанок за „Турски поток“
Министрите за надворешни работи на Македонија, Унгарија, Србија, Грција и Турција денеска во Будимпешта ќе ги разгледуваат перспективите за учество во проектот „Турски поток“.
-
Македонија 07.04.2015 08:26
Хил: Македонците нема да го сменат името
Соединетите Американски Држави го признаа уставното име на Република Македонија и овој спор со Грција долго трае бидејќи нема едноставно решение, изјави поранешниот американски амбасадор Кристофер Хил и актуелен Декан на Универзитетот за меѓународна политика во Денвер, Колорадо.
-
Македонија 06.04.2015 18:52
Земјите од ЕУ не се имуни на ситуации во кои политичари соработуваат со странски служби
Соработката со странските разузнавачки служби е прифатлива во развиените демократии, но само и единствено кога е во интерес на зачувување на безбедноста и националните интереси на државата, се останато се санкционира во зависност од правниот систем во земјата.
-
Македонија 06.04.2015 17:54
Аналитичари: СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација
„Објавување на телефонски разговори поврзани со Хашките случаи се уште еден доказ дека намерата на СДСМ е да направи дестабилизација на земјата“ - велат аналитичарите.










