-
Македонија 31.01.2015 13:08
Обраќање на премиерот Груевски во живо на МРТ1 од 14 часот
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ќе се обрати до граѓаните во 14 часот, соопштуваат од Владата на Република Македонија. -
Македонија 31.01.2015 10:56
Попладне обилни врнежи и ветер
Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег, а на повисоките места во западните делови од дожд и снег. Се очекува особено обилни врнежи да има во јужните и западните делови на земјава каде ќе наврнат над 40 литри на метар квадратен воден талог. -
Македонија 30.01.2015 18:00
Oбвинителството поднесе жалба за одлуката за условен отпуст на Кежаровски
Јавното обвинителство поднесе жалба на одлуката на основниот суд за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски. Во соопштението наведуваат дека со одлуката погрешно е утврдена фактичката состојба во случајот и дека осуденото лице не ги исполнува условите за условен отпуст.
-
Македонија 30.01.2015 17:57
Зголемен надомест за згрижувачките семејства
Владата даде зелено светло за зголемување на надоместокот на згрижувачките семејства и за поволност на лицата со инвалидитет за набавка на возило. Семејствата кои што згрижуваат деца од јули ќе земат надомест зголемен за 25 насто.
-
Македонија 30.01.2015 17:47
Македонија се подготвува за новиот силен воден бран
Нов бран врнежи во земјава. Се очекува да наврнат меѓу 40 и 60 литри на квадратен метар. Координативото тело го задолжи општините да ги стават на готовс сите ресурси, да ги мобилизираат кризните штабови, да побараат помош од Дирекцијата за заштита и спасување. -
Македонија 30.01.2015 17:41
Се испитува дали има пропусти во лекувањето на 12-годишното девојче кое почина вчера
Комисија од експерти која ја формираше Министерството за здравство се уште испитува дали има пропусти во лекувањето на 12 годишното девојче кое почина вчера. Ја проверуваат медицинската документација кај матичниот лекар и на Инфективната клиника.
-
Македонија 30.01.2015 17:31
„Ние како Македонци…“: Новата грчка министерка за Македонија со порака до македонската Влада
Првата порака до македонското политичко водство од новата грчка влада стигнува преку новата министерка за Македонија и Тракија, јавува дописникот на МРТ од Атина.
-
Македонија 30.01.2015 17:24
Катастарот ги објави податоците од деталниот гравиметриски премер
Научната јавност ги доби податоците од гравиметрискиот премер на државава. Точно се знае распоредот и густината на масите во внатрешноста на земјата. Податоци потребни за истражувања што ќе откријат каде и со што е богата Македонија во подземните слоеви.
-
Македонија 30.01.2015 17:17
Кумановскиот кризен штаб на терен, снирани критичните точки
По најавите за невремето кое викендов ќе ја зафати нашата земја од доаѓањето на циклонот „Давид“, кумановскиот општински кризен штаб на терен ги санираше критичните точки на речните корита на Којнарка, Кумановка, Пчиња, Крива Река и Липковка.
-
Македонија 30.01.2015 16:11
Се испитуваат причините за смртта на 12-годишното девојче
Комисијата формирана од Министерството за здравство е на терен. Ги испитува причините за смртта на 12 годишното девојче кое почина на Инфективната клиника.









