-
Македонија 02.02.2015 09:44
Над 20 илјади граѓани досега побарале здравствен совет на „Ало докторе“
Од 15 септември до 1 февруари 20.155 граѓани се јавиле на телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“. Здравствен дом Скопје соопшти дека изминатите седум дена од 26 јануари до вчера за медицинска помош на ли -
Македонија 02.02.2015 09:38
УХМР: Најмногу дожд во Претор
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Претор, 26 литри на метар квадратен, 16 во Битола, 15 во Маврово, 11 во Тетово, 10 во Пожаране, 9 во Прилеп и Охрид. -
Македонија 02.02.2015 09:13
Брегалница не ги загрози градските зони во Штип, поплави во Чешиново-Облешево
Надојдената вода во реката Брегалница ноќеска помина низ Штип без посеризно да го загрози градското подрачје. Најкритично е во општината Чешиново-Облешево, а поплавени се и земјоделски површини во кочанско. -
Македонија 01.02.2015 19:11
Министерството за здравство со препораки за спречување појава на заразни болести од поплавите
Во Министерството за здравството се одржа состанок на кризниот штаб . Будно се следи состојбата во сите загрозени подрачја.
-
Македонија 01.02.2015 18:41
Вонредна состојба во Источна Македонија
Вонредна состојба во Источна Македонија. Браната Калиманци се излеа. Водостојот во Брегалница ќе се зголми за метар и половина. На удар дваесетина населени места. Централниот кризен штаб ја следи состојбата. Жителите на загозените подрачја мора да ги слушаат апелите на надлежните.
-
Македонија 01.02.2015 18:23
Поплавени домови и ниви на југоистокот од земјава
Надојдените води од циклонот повторно предизвикаа проблеми на југоистокот. Од радовишките села, преку Владевци во Василево, Дабиле, Муртино, Сачево и Просениково во Струмица, Моноспитово во Босилово, реките и каналите поплавија дел домови, дел ниви.
-
Македонија 01.02.2015 18:08
Пелагонија под вода: Оштетени локални патишта и поплавени над 2.500 хектари земјоделски површини
Само за неколку денови Пелагонија повторно е под вода. Оштетени се неколку локални патишта, а поплавени се над 2.500 хектари земјоделски површини. И овој пат причината за поплавата е слабата пропусна моќ и пониското ниво на одводните канали од она кога во Црна Река има зголемен доток на вода.
-
Македонија 01.02.2015 18:06
30 дена притвор за сопругата на Верушевски и струмичкиот функционер
По 30 дена притвор за сопругата на на екс- директорот на УБК Верушевски и струмичкиот функционер, а на Зоран Заев му е изречена мерка за претпазливост и одземен му е пасошот. Вакви одлуки донел судијата на претходна постапка по неколку часовниот распит во скопскиот кривичен суд.
-
Македонија 01.02.2015 17:47
Русија: Темелна истрага за неуспешниот обид за државен удар
За „Пуч“ во Македонија, реакција и од Министерството за надворешни работи на Русија. Во соопштението се вели –се надеваме дека ќе биде спроведена темелна истрага за неуспешниот обид за државен удар во Македонија во интерес на стабилноста и безбедноста на земјата.
-
Македонија 01.02.2015 16:44
Американска амбасада: Да се задоволат највисоките стандарди на правната држава
Писмена изјава на Американската амбасада во земјава за акцијата „Пуч“. Велат дека со загриженост го следат кривичниот случај против лидерот на опозицијата, Зоран Заев и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок.










