„Сега е шансата НАТО да ја покани Република Македонија да се приклучи на Алијансата. Македонија во последниве 20 години покажа континуирана посветеност за придружување кон НАТО, ги задоволи сите цивилни и воени критериуми и е цел што ја поддржуваат македонските граѓани.
-
Македонија 30.01.2015 10:12
-
Македонија 30.01.2015 09:34
Облачно со силен јужен ветер, попладне дожд
Времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно, а во пладневните часови почнувајќи од запад ќе се зголемува. -
Македонија 29.01.2015 18:46
Инфективна клиника: 12 годишното девојче не почина од свински грип
12 годишното девојче кое што почина на Инфективната клиника не било заболено од свински грип- тврдат надлежните. На Клиниката било примено во многу тешка здравствена состојба, со пролив и повраќање. Според симптомите, докторите не утврдиле никакво постоење на свински грип.
-
Македонија 29.01.2015 17:20
Прво на редовни психолошко – психијатриски прегледи, потоа ракување со службено оружје
Службените лица кои ракуваат со оружје за време на вршењето на своите работни задачи покрај редовните систематски и физички прегледи ќе подлежат на психолошко –психијатриски прегледи. Ќе може да ракуваат само оние кои добиле позитивно стручно мислење.
-
Македонија 29.01.2015 17:04
Надворешната политика и социјалата во фокус на пратеничките прашања
Македонија не го изгуби правото на глас во Обединетите Нации- ова беше кажано на Собраниската седница за пратенички прашања кога пратеничката Роза Топузовска Каревска праша каква е состојбата на земјава во светската организација.
-
Македонија 29.01.2015 16:35
Во очекување на новите врнежни, активни подготовки на Југоистокот од Македонија
Жителите полнат вреќи со песок, механизацијата гради безбедносни песочни бедеми. Ваква е сликата во општините од Југоистокот кои се мобилизираат по најавите дека утревечер се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд.
-
Македонија 29.01.2015 16:22
ИВЗ: Заеднички против секаков вид на екстремизам
Заеднички да се спротиставиме на секаков вид екстремизам, антисемитизам или пак исламски фундаментализам се согласиле поглаварот на ИВЗ и израелскиот амбасадор во земјата. Првата средба ја сметаат за многу важна и конструктивна.
-
Македонија 29.01.2015 14:44
Полицијата го пронајде возачот кој усмрти петгодишно девојче
Полицијата го пронајде возачот кој вчеравечер на патниот правец Оризари- Велес со својот автомобил усмрти петгодишно девојче и избегал од местото на несреќата.
-
Македонија 29.01.2015 14:25
Најавите за изобилните дождови ги алармираа локалните власти
Координативното тело за справување со кризи препорачува градоначалниците да ги мобилизираат сите ресурси, а доколку имаат потреба помош да побараат од Дирекцијата за заштита и спасување.
-
Македонија 29.01.2015 13:38
Безготовинско плаќање на царинските испостави
Промовирано безготовинското плаќање на царинските испостави во државава. Инсталирани се 24 постерминали што ќе овозможи граѓаните и економските оператори на лице место да можат да ги платат административните такси и царинските давачки.










