Утре во Македонија се очекува стабилно време,утрото ќе биде ведро и студено,а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Температурите во наредниот период ќе бележат пораст.
Утре во Македонија се очекува стабилно време,утрото ќе биде ведро и студено,а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Температурите во наредниот период ќе бележат пораст.
Уште 15 угостителски објекти биле контролирани вчеравечер во Тетово и во Гостивар. Даночниците, пазарната инспекција и полицијата казниле 10 ресторани. Еден е затворен.
Џес Бејли, наследникот на Пол Волерс во почетокот на февруари стапува на функцијата Амбасадор на САД во Македонија.
Тој е дипломат од кариера, а во Македонија доаѓа од позицијата заменик-амбасадор во Турција. Ова му е прва амбасадорска мисија.
Сите магистрални и регионални патишта и автопати се проодни, а нема и поголеми дефекти со електрична енергија, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешниот состанок на Координативното тело формирано за следење на состојбите со времето.
Прилепскиот тутунски комбинат и реално почна да ја спроведува програмата за реструктуирање. 535 вработени веќе се на конечниот список и заминуваат од компанијата. Тие доброволно се пријавија, а ќе добијат максимални отпремнини до 15.000 евра.
Без метеж засега се откупува жолтото злато во Велес. Точните термини кои тутунопроизводителите ги добија од компанијата со која склучиле договор е причина сликите на долги редици и нервозни тутунопроизводители да биде минато.
Бандеролите за пестицидите не дадоа ефекти. Секое пакување досега мораше да има бандерола издадена од министерството за земјоделство.
По неколку години од воведувањето, освен што работењето се отежна, а цените скокнаа, други резултати немаше.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа остатоци од кашест снег. Укината е забрната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, информира АМСМ.
Изминативе седум дена на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ медицинска помош побарале 1.109 лица.