-
Македонија 05.12.2014 08:46
Орден за заслуги за Македонија за НУБ „Св. Климент Охридски“
Во пресрет на патронатот и по повод 70 години од формирањето, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска ќе добие Орден за за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов. -
Македонија 04.12.2014 19:15
Судијка тужеше обвинети и го доби предметот
Непромислен излив на револт или сериозна закана? Острите зборови упатени кон судијката што им изрече казни затвор, скапо ги чинеше двајцата обвинети во случајот „Детонатор“ кои се соочија со нова тужба за закана и добија нови две години робија. -
Македонија 04.12.2014 18:51
Убоди од нож- причина за смртта на Адил Сулејманов
Не е прострелна рана, туку убоди од нож се причина за смртта на 23 годишниот Адил. Кој и зошто му ги нанел двете убодни рани во пределот на градите? Овие прашања си ги поставуваат сите, но одговор најмногу бараат неговите родители.
-
Македонија 04.12.2014 18:30
Груевски - Вајгл: Посветеност на реформите за унапредување на европските стандарди
Европските интеграции на Македонија и реформите кои се спроведуваат за остварување на таа цел биле теми на средбата меѓу премиерот Никола Груевски и известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл, кој денеска престојува во Скопје. -
Македонија 04.12.2014 18:08
Ховит: Бидете единствени кога се решаваат прашања од корист на целото општество
Повеќе разочаран отколку задоволен затоа што не постигнал повеќе од тоа што го постигнал, сега веќе поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, ја предаде функцијата на должноста на следбеникот Иво Вајгл.
-
Македонија 04.12.2014 17:15
Жител на Бузалково пронајден мртов- прострелна рана причина за смрта
Ништо не навестувало дека вчерашното излегување од домот на Сулејманови ќе биде последно за 23 годишниот Адил. Тој со такси од родното Бузалково стигнал во Велес. И дотука работата е јасна. -
Македонија 04.12.2014 17:08
Вајгл: Нема причина Македонија да не ги почне преговорите со Унијата
Нема причина зошто Македонија да не ги почне преговорите. Тоа е од интерес за Европската унија и за регионот. Вам ви се случува неправда, а Украина е пример кој покажува, како нерешените проблеми прераснуваат во конфликт.
-
Македонија 04.12.2014 17:06
Во јануари ќе проработи станицата за отпрашување во Макстил
Во кругот на Железара интензивно се работи на изградбата на филтерската постројка. За месец дена треба да почне да работи системот за отпрашување во производствениот погон „Челичарница“.
-
Македонија 04.12.2014 17:01
Хан очекува нормализиран политички дијалог во Собранието
Сакам да ја видам опозицијата во Собранието, за таа цел следниот месец доаѓам во Скопје - оваа порака комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, на денешната средба му ја упати на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.
-
Македонија 04.12.2014 16:35
Клиничкиот центар за шест месеци ќе има сопствен извор на енергија
Електричната постојка која ќе работи на гас ќе се гради преку јавно приватно партнерство. Проектот предвидува, по 15 години да стане сопственост на државата.









