Во текот на утрешниот ден ќе преовладува умерено до значително облачно време, по котлините со појава на магла. Ќе дува и слаб ветер од југо-источен правец.
За подетални информации гледајте МЕТЕО со метеорологот Ирена Лазарова - Димитровска
Во текот на утрешниот ден ќе преовладува умерено до значително облачно време, по котлините со појава на магла. Ќе дува и слаб ветер од југо-источен правец.
За подетални информации гледајте МЕТЕО со метеорологот Ирена Лазарова - Димитровска
Шеста година по ред Европската комисија дава препорака, а Советот на министри ја одложува одлуката за почеток на преговорите, поради една земја членка со која имаме билатерален спор - овој испробан рецепт изјави шефот на македонската дипломатија по средбата со амбасадорите на земјите членки во ЕУ
Толеранција, соживот и почитување на различниот. Од една страна декларативни заложби, од друга изјави кој ја преминуваат црвената линија.
Застрашувачки податоци откако матичните лекари преветивно прегледаа граѓани што ништо не ги боли. Кај 55.000 е откриен ризик од срцеви заболувања, кај 45.000 има ризик од дијабетес, а 12.000 имаат ризик од бубрежни заболувања.
Даниела Илиевска девет години живее со бубрегот на нејзиниот татко. Откако се збогува со дијализата на која одеше по четири часа секој ден, вели има нормален живот. Порачува секој кој може да дарува орган.
Најверојатно професионалниот војник Манаилов го извршил тројното убиство во афект, претпоставуваат невропсихијатрите и психолозите од Воено-медицинскиот центар.
Мировниот корпус не е создаден како инструмент на дипломатијата, пропаганда или пак идеолошки конфликт туку да им овозможи на американците да имаат поголема одговорност и учество во развојот и мирот во светот - порачал Претседателот Кенеди уште пред 53 години кога го формирал.
В понеделник шефот на тимот што ја спроведува повторната истрага за падот на Кингерот ќе го достави извештајот до македонските власти. Во тек се интерни процедури, тврдат за МТВ извори од Комисијата.
Полицијата покрена уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, поради постоење основа за сторено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Македонија е 9-та на листата во светот по трансплантации на бубрег од жив донатор. Денеска од мајка на син се извршува 38-та трансплантација за оваа година. Надлежните велат, во светски рамки процентот на компликациите е околу 10 насто.