Седум огласи за закуп на државното земјоделско земјиште се планира да бидат објавени до крајот на годинава.
Парцелите со вкупна површина од скоро 6 илјади хектари се наоѓаат во сите региони на Македонија.
Седум огласи за закуп на државното земјоделско земјиште се планира да бидат објавени до крајот на годинава.
Парцелите со вкупна површина од скоро 6 илјади хектари се наоѓаат во сите региони на Македонија.
Кривични и прекршочни пријави за сопствениците на сендвичарниците „Жу Жу“ во центарот на Скопје и „Стефани А“ во Драчево. По шест илјади евра глоба за газдите од чии производи се затруја 60-тина граѓани. Надлежните сопштија дека во двете имало фекални бактерии.
Се помалку детски жагор. Вистинска наслада е да се види преполн училиштен двор. Секоја година се помалку дечиња се запишуваат во училиштата и во метрополата. На пример, во „Димитар Македонски“ годинава се формираа две паралелки, помалку за една цела.
Премиерот Никола Груевски, остварил средба со Торстен Фрај, пратеник во германскиот парламент од редовите на ЦДУ чиј лидер е германската канцеларка Ангела Меркел, и главен известувач за регионот на Југоисточна Европа за пратеничката група на оваа партија.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев е виновен за клевета, пересуди судот во судскиот процес за клевета што го поведе премиерот Никола Груевски против лидерот на СДСМ.
17.600 граѓани досега побарале простување на долговите. Во центрите за социјална работа дневно пристигнуваат од 1.500 до 2.500 барања за отпис. Апсолутен рекордер е Куманово. Властите очекуваат, првите решенија да бидат доделени кон средината на октомври.
Најголем е интересот за техничките факултети. Средношколците ја препознаа побарувачката од ваквите кадри на пазарот на трудот. Навалица имаше и пред студентски прашања на Факултетот за електротехника . Идните студенти со став- со дипломата доаѓа и сигурно вработување.
Во Основниот суд 2 се очекува да биде доенсена пресудата во судскиот процес за клевета што го поведе премиерот против лидерот на СДСМ.
Граѓаните имаат голем интерес за отпис на долговите. Заклучно со денешниот ден до центрите за социјални работи се доставени 17.600 барања од граѓаните од социјално ранливи категории.
Започна судскиот процес за кражбата на артефакти во Музејот на Македонија. На обвинителна клупа седуммина осмничени.