Силен ветер, дожд, град, бура. Оваа нестабилна година зема висок данок од летнината и земјоделците. Завчерашното невреме во Тополчани уништи 50, а неодамна во долненско преку 350 хектари.
Уништени се и јаболкови насади.
Силен ветер, дожд, град, бура. Оваа нестабилна година зема висок данок од летнината и земјоделците. Завчерашното невреме во Тополчани уништи 50, а неодамна во долненско преку 350 хектари.
Уништени се и јаболкови насади.
Здравствените власти открија нов случај на заболен од листерија, дознава МРТ. Ова е деветти потврден случај на листерија во Македонија од јуни до денеска. Досега четири лица починаа.
Една нива, различен род. Ова е првата реакција на секој кој не е земјоделец а минува покрај сончогледовото поле на велешанецот Ферхан Биберовиќ. Делот кој е под систем какпка по капка дава извонредни резултати, оној другиот пак под просечни.
Иако секој четврток железничкиот превоз e бесплатен за студентите, возот што денеска пристигна од Велес беше полн со повозрасни граѓани.
„Мислам дека е добро, јас сум уште малку за во пензија и би ми одговарало“.
Нема повредени лица, ниту пак материјална штета по синоќешните 2 експлозии на потегот меѓу Правниот и Филолошкиот факултет во Скопје. Случајот бил веднаш пријавен на полицијата од страна на агенцијата која го обезбедува универзитетот.
Работната седмица ја завршуваме со не многу поразлична временска слика од досегашната. Претпладне сончево, а попладне нестабилно време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Се наѕира ли крајот на врнежите за овој период?
Според неофицијални информации од Брисел, нема да има Еврокомесар за проширување зошто проширувањето нема да биде приоритет на новиот состав на Европската комисија до 2019-та година.
26 нови случаи на СИДА се откриени во Македонија за само седум месеци. Од нив 10 граѓани се болни, а 16 се ХИВ позитивни. Бројката достигна 223 лица. Најголем дел од заразените се во хомосексуална врска.
Спорните производи на месната индустрија Екстра меин, за кои Минситерството за здравство информира дека е детектирано присуство на листерија, вчера се повлечени од пазарот.