Скопјанец и битолчанец заработија кривична пријава за инцидентот што се случи на натпреварот Пелистер –Вардар во Битола. Се товарат за напад на службено лице на служба и им е одреден 8 дневен притвор.
-
Македонија 05.08.2014 17:07
-
Македонија 05.08.2014 16:42
Тетовци бараат дослокација на дивата депонија
Тетовци бараат дислокација на претоварната станица на која и натаму се носи градскиот отпад. Местото е во непосредна близина на населби и индустриски капацитети. Некои велат дека често ѓубрето чади и се шири смрдеа.
-
Македонија 05.08.2014 16:24
Демолирано кафуле во Старата скопска чаршија оти свирела песната „Распукала Шар планина“
Инцидент ја прекинал забавата во кафулето Њу Орлеанс во старата скопска чаршија каде што сопственикот го славел роденденот. До полноќ гостите ги забавувале чалгии. На паузата ди –џејот пуштил музика по желба. Изборот не му се допаднал на едно момче.
-
Македонија 05.08.2014 15:50
Пуштен за сообраќај мостот „Гемиџии“
25 дена порано од предвиденото заврши реконструкцијата на коловозот на мостот Гемиџии во Велес. Сообраќајот во центарот на градот е нормализиран, иако градежните работи и понатаму продолжуваат.
-
Македонија 05.08.2014 15:34
Матурантите ќе полагаат државна матура во августовскиот испитен рок
3647 матуранти ќе го заокружат средното образование со полагањето матура во августовскиот испитен рок. Во 21 училиште, на 11,13,14 и 16-ти овој месец ќе се полагаат екстерните предмети мајчин јазик и литература, странски јазик или математика и физика, хемија, биологија или бизнис.
-
Македонија 05.08.2014 14:32
Скопјани бараат спас од високите температури
Врие асфалтот во Скопје. Високите летни температури знаат да бидат неподносливи и да влијаат на здравјето. За да се избегнат температурите над триесетиот степен, граѓаните бараат различни начини да се разладат.
-
Македонија 05.08.2014 14:07
Американската наградата за слобода- потврда за позитивните реформи
За направените реформи во изминатиов период и проширувањето на дипломатските врски со остварените над 200 билатерални средби со шефови на држави и со 150 премиери и шефови на дипломатии - Фондот за американски студии наградата на слободата за 2014-та му ја додели на претседателот Иванов на Ка
-
Македонија 05.08.2014 13:38
Груевски ги поканил принцот Вилијам и принцезата Кејт да ја посетат Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски на маргините на вчерашното одбележување на 100-годишнината од првата светска војна во Лиеж, Белгија остварил неформална средба со британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт.
-
Македонија 05.08.2014 12:36
Демолиран бар во старата Скопска чаршија поради тоа што се пуштало македонска музика
Во кафе барот „Њу Орлеанс“, лоциран на улица „Бит Пазарска“ во Скопје синоќа околу полноќ дошло едно непознато лице кое започнало врбална расправија барајќи да не се пушта македонската музика, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 05.08.2014 11:55
Кривична пријава за стружанецот кој повреди пет лица на свадба
Струшката полиција поднесе кривична пријава против лицето Н.В. (52) од село Џепин поради сомневање дека сторил казнено дело „Предизвикување општа опасност“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.









