Со своите 93 години Тоше Дунимаглоски, од селото Кривогаштани е еден од најстарите гласачи во прилепско. Досега не пропуштил избори, гласал и во Кралството на СХС, и во Југославија, и во Македонија.
-
Македонија 27.04.2014 13:24
-
Македонија 27.04.2014 13:18
Тетово: Изборниот процес тече мирно и без проблеми
Фер и демократски. Вака тетовци го оценуваат досегашниот тек на гласањето. Како одминува денот, така се зголемува раздвиженоста по гласачките места.
Еве ги очекувањата на жителите на Тетово по овие избори.
-
Македонија 27.04.2014 13:16
Нормален и мирен процес на гласање во гостиварско
Во поширокиот гостиварски регион, во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше, за вториот круг на претседателските избори и предвремените парламентарни избори гласачите ќе излезат на вкупно 197 избирачки места.
-
Македонија 27.04.2014 12:45
Првичните резултати ДИК ги објавува сукцесивно, а конечните во рок од 24 часа
Според Изборниот законик сите учесници во изборниот процес имаат одредени права и обврски и можат да реагираат доколку сметаат дека е нарушено нивното право.
-
Македонија 27.04.2014 12:09
Одѕивот до 10 часот на парламентарните избори 9,52%, на претседателските 8,81%
До 10 часот на гласање на предвремените парламентарни избори гласале 166.310 граѓани или 9,52 отсто од вкупно запишани 1.780.128 избирачи, соопшти на првата прес конференција портпаролот на ДИК Билјана Јовановска. -
Македонија 27.04.2014 12:04
МОСТ: Излезеноста најголема во ИЕ 3, најмала во ИЕ 6
Од граѓанската асоцијација МОСТ, одѕивот на гласачите на парламентарните избори по изборни единици до 10 часот е следниот:ИЕ 1 - до 9 часот 5,61%, до 10 часот 10,26% -
Македонија 27.04.2014 11:54
До 10 часот излезеноста во Штип е околу 10%
Заклучно со 10.00 часот, своето гласачко право во Штип го исполнија околу 10 отсто од гласачите, односно од 41.698 запишани гласачи, гласале окол 4.100.
-
Македонија 27.04.2014 11:49
Во мирна атмосфера се одвива гласањето во Куманово
Во мирна и демократска атмосфера се одвива гласање на сите 167 избирачки места места во Општината Куманово. Излезноста во првите часови од изборниот ден е помала, но вообичаено поголем одзив се очекува попладне информираат од избирачкиtе одбори.
-
Македонија 27.04.2014 11:46
Стружани гласаат во мирна атмосфера, очекуваат напредок
Во мирна и празнична атмосфера започна гласањето во Струга. Македонија го избира својот петти претседател и осми по ред парламентарен состав.
-
Македонија 27.04.2014 11:41
Трајан Цветковски од Шведска дојде да гласа во Битола
75 годишниот Трајан Цветковски иселеник вo Шведска е еден од повозрасните гласачи што го затекнавме на избирачкото место 12. Ниту годините ниту далечината не биле пречка по 55 години конечно да ја исполни желбата да гласа во родната Битола.










