СДСМ не го признава изборниот процес, соопшти претседателот на партијата Зоран Заев на прес-конференцијата одржана веднаш по затворањето на избирачките места.
-
Македонија 27.04.2014 19:57
-
Македонија 27.04.2014 19:54
ВМРО-ДПМНЕ: Имавме фер и мирни избори
На изборите победија граѓаните на Република Македонија. Имавме мирен изборен ден, мирни, фер демократски избори. Граѓаните покажаа дека имаат демократска свест и потврдија на дело дека знаат да определат што е нивен и државен интерес. -
Македонија 27.04.2014 19:11
Затворени гласачките места
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на вториот круг од петтите претседателски избори и осмите парламентарни и воедно трети предвремени избори.
-
Македонија 27.04.2014 18:38
ДИК: Излезеноста на претседателските избори до 17 часот е 45,34%, на парламентарните 53,12%
Според последните информации на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК) излезеноста на гласачите до 17
-
Македонија 27.04.2014 17:47
Гласањето во општина Гази Баба во фер и демократска атмосфера
Во фер и демократска атмосфера се одвива гласањето во општина Гази Баба. Во избирачкото место во училиштето „Стив Наумов“ за девет часа откако е отворено излегле 50% од граѓаните.
-
Македонија 27.04.2014 17:21
И најстариот велешанец го оствари своето право на глас
Во Велес, гласачките кутии полека се полнат, се бира таткото на нацијата и 123 пратеници. Со мисла за подобр утре и дедо Милан дојде да гласа.
„Еден глас еден мандат нели“, рече Милан Ристовски
-
Македонија 27.04.2014 17:18
Мирно тече гласањето во Југоистокот од Македонија
На неполни два часа до затворањето на гласачките места, мирно и во демократска атмосфера тече гласањето во Југоистокот од Македонија.
-
Македонија 27.04.2014 17:16
Куманово: Помасовно гласање во вториот дел од изборниот ден
На гласачкото место 1000/1 во Куманово запишани се околу 500 избирачи, припадници на сите 6 етнички заедници.
Без оглед на етничка припадност граѓаните со исти очекувања од претседателот и народните избраници.
-
Македонија 27.04.2014 17:14
Стружани очекуваат многу од овие избори
Раздвижено во мирна и празнична атмосфера денес во Струга се одвива гласањето за парламентарните и претседателски избори каде убавото време беше дополнително искористено за прошетка покрај брегот на Охридското Езеро.
-
Македонија 27.04.2014 16:10
МОСТ: Излезеноста до 13 часот најголем во ИЕ 3, најмала во ИЕ 6
До 13 часот одѕивот на гласачите на парламентарните избори е 33,02 отсто во Изборната единица (ИЕ) 1, 30,02 во ИЕ 2, 37,33 во ИЕ 3, 36,2 во ИЕ 4, 30,93 во ИЕ 5 и 23,42 во ИЕ 6, соопшти граѓанската асоцијација МОСТ.









