Ракомет
Блог вести
-
Ракомет 09.09.2014 19:45
Нашиот капитен и Каталонците во одлична форма
Кире Лазаров и Барселона со три победи во три меча, го потврдија полуфиналето на Супер Глоуб турнирот што се игра во Катар. -
Ракомет 06.09.2014 20:53
Зомимак М на минус 11!
Ракометарите на Зомимак М се во неповолна позиција во обидот да го повторат успехот од минатата сезона кога играа во фазата по групи во ЕХФ купот.
-
Ракомет 06.09.2014 14:32
Вардар- Металург, доволна најава
Колку и да се обиде легендата на клупата на Металург,Лино Червар со изјавата дека претстојниот е само обичен натпревар како и секој друг, да ја спушти топката и да ја намали тензијата,веројатно сите се согласни дека не е и неможе да биде така.
-
Ракомет 05.09.2014 15:07
Одбројување до дербито
Сезоната е на почеток, формата доправа почнува да се гради, за адаптација на новите играчи е потребно време, но ждрепката за новата, 4-та сезона во СЕХА регионалното ракометно натпреварување одново ги спои двете најуспешни македонски екипи во меѓусебен дуел уште на стартот на сезоната.
-
Ракомет 04.09.2014 13:17
Сезоната може да почне
Стартните победи во СЕХА лигата над Војводина и Татран беа само загревање, од црвено црниот табор финалето на струшкиот турнир го оквалификуваа повеќе како пријателски дуел, па логично претстојниот натпревар од регионалното натпреварување меѓу големите македон
-
Ракомет 04.09.2014 12:44
РК Загреб ќе се вика Прво плинарско друштво!!!
Хрватскиот ракометен клуб Загреб го менува името и во иднина ќе настапува и ќе дејствува под името Ракометен клуб Прво плинарско друштво, соопшти најтрофејниот хрватски спортски колектив.
-
Ракомет 31.08.2014 20:38
Металург тргна со победа во Сеха
Металург ја отвори новата сезона со триумф во Сеха лигата. Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје совладан е Татран со 34-28.
Нашиот шампион му се реваншираше на словачкиот првак за двата пораза лани во оваа конкуренција и зголеми на 4-2 во меѓусебните дуели.
-
Ракомет 31.08.2014 20:25
Вардар продолжи да победува во Нови Сад
Вардар триумфално ја отвори одбраната на титулата во Сеха лигата на местото каде што лано го подигна вториот трофеј во оваа конкуренција.
Во Нови Сад совладана е Војводина со 26-21, наизглед убедливо, но не така лесно како што се очекуваше.
-
Ракомет 30.08.2014 16:06
Металург со Мојсоски стартува против Татран
Македонскиот ракометен шампион, Металург ја отвора сезоната дома со меч од Сеха лигата против екипата на Татран.
На првиот двобој од четирите фронта противник е словачкиот првак кој е должник од претходната сезона во оваа конкуренција.
-
Ракомет 27.08.2014 15:27
Регионално активирање
Денеска почнува 4-тата сезона во региналната ракометна лига. Од година в година се посериозна, а тоа го потврдува вклучувањето во неа на тим како Веспрем, кој патем ќе ја има премиерата на новото издание.









