Македонската машка ракометна репрезентација е дел од втората квалитативна група заено со Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија и со Украина пред ждрепката за квалификациите за паласман на Европското првенство во 2024 година.
Спорт
-
Ракомет 23.03.2022 10:23
-
Фудбал 23.03.2022 09:21
Најдобриот судија од Франција ќе го суди мечот Италија – Македонија
Италија ја дочекува Македонија на 24 март во Палермо во полуфиналниот бараж дуел за пласман на СП во Катар.
УЕФА ги делегираше судиите за сите бараж натпревари, а за тој што наш не интересира, довербата ја даде на арбитри од Франција.
-
Фудбал 22.03.2022 09:53
Македонија се загрева за нова сензација
По дебито на ЕП, историскиот прв чекор во мундијалскиот бараж е новото поглавје во досието на фудбалска репрезентација на Македонија. Од Тбилиси, преку Букурешт и Амстердам, до Палермо.
-
Тенис 21.03.2022 20:10
По Индијан велс слават Фриц, Швијотек и Ѓоковиќ
Рафаел Надал застана на 20 триумфи во низ, или го запре американскиот тенисер Тејлор Фриц во финалето на турнирот во Индијан Велс од мастерс серијата 1000. По два сета игра 20-тиот на АТП поредокот за првпат во својата кариера крена пехар на мастерс 1000-ка или само вторпат освојува АТП турнир.
-
Фудбал 21.03.2022 10:53
Кај Македонија надежта, кај Италија притисокот
Два натпревара ја делат македонската фудбалска репрезентација до историски успех или до надградување на настапот на Европското првенство. Во плеј - оф конкуренцијата на некогашни светски и европски шампиони, пласманот на Македонија на мундијалот во Катар 2022 би бил вистинска сензација.
-
Формула 1 21.03.2022 10:52
Трета победа во кариерата на Шарл Леклер
Старуваше 73-от Светски шампионат во формула 1 и тоа по пет години со победа во првата трка во сезоната на возач на Ферари, овојпат на Шарл Леклер.
-
Останати спортови 21.03.2022 10:50
Малите кристални глобуси за Кристоферсен и за Ворли
Откако претходно беа познати победниците на 56-от Светски куп во алпско скијање, завршните две трки во француски Мерибел ги решија последните две дилеми, Хенрик Кристоферсен во слалом и Теса Ворли во велеслалом ги освоија малите кристални глобуси.
-
Останати спортови 21.03.2022 10:48
Тими Зајц леташе најдалеку за прва победа
По тимското- мешано олимписко и светското екипно злато, Тими Зајц го оствари првиот индивидуален триумф во Светскиот куп во скијачки скокови.
-
Останати спортови 21.03.2022 10:46
Триумф на Оливеира на дождливата „Мандалика“
По 25 години мото гп трка во Индонезија. На дождливата патека Мандалика, триумф на мотоциклистот на КТМ, Мигуел Оливеира. 27-годишниот Португалец најдобро се снајде на екстремните услови за четвртата победа во кариерата.
-
Кошарка 21.03.2022 10:45
Пет екипи за уште две места во Супер лигата
На три кола до крајот на основниот дел од кошаркарското првенство, четири екипи, Пелистер, МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар и ФМП Академија обезбедија учество, а уште пет конкурираат за простанатите две места за пласман во Супер лигата.










