Спорт

  • Ракомет 25.01.2015 10:11

    Почнува битката за медалите

    Шест од денешните осум репрезентации коишто се во трката за медалите на Светското ракометно  првенство беа осминафиналисти и на собирот во Шпанија пред две години. Австрија и Катар го играат првиот натпревар во мундијалска нокаут фаза.

  • Кошарка 24.01.2015 21:17

    МЗТ Скопје Аеродром поразен на гостувањето кај Цедевита

    Во натпревар од 19 коло од АБА лигата, Цедевита беше подобра од МЗТ Скопје Аеродром со резултат 81 : 70. Нашиот претставник во регионалното друштво добро ги одигра воведните десет минути кога поведе со 23 :21, но драстичниот пад во вториот период беше вовед во поразот.

  • Ракомет 24.01.2015 21:13

    „Викинзите“ и „гаучосите“ ја минаа групата

    Исланд и Аргентина влегоа во осминафиналното друштво на Светското ракометно првенство во Катар. Таков е епилогот по последните натпревари од групната мундијалска фаза.
  • Кошарка 24.01.2015 18:50

    Томпсон со НБА рекорд, Антиќ и Атланта со клупски рекорд

    Перо Антиќ партиципираше во победата над Оклахома Сити со 103 : 93 со 8 поени, 4 скокови и 2 асистенции за 19 минути на паркетот. Со својата 15 победа едноподруго “јастребите“ поставија нов клупски рекорд и сеуште се непоразени во новата година.

  • Лара Гут беше најбрза кај алпинките во Ст. Мориц

    За разлика од машкиот спуст во Кицбил, каде што патеката поради слаба видливост беше скратена, скијачкитенемаа проблеми со временските услови.Тие возеа во швајцарскиот скијачки центар Сент Мориц, каде што домашната натпреварувачка Лара Гут оствари 32 стотинки предност пред австријката Ана Фенинге

  • Јансруд го доби скратениот спуст во Кицбил

    Норвежанецот Кјетил Јансруд најдобро се снајде на скратената спуст патека “Штрајф“ во Кицбил и победи со 58 секунди и 16 стотинки, што беше за 2 стоти делови од секундата побрзо во однос на второпласираниот Доминик Парис.

  • Ракомет 24.01.2015 17:07

    Кире и Борко, дружба и игра!

    Ракометот е колективен спорт во којшто, сепак, царуваат индивидуалци. Тимот е заслужен за играта на поединецот, но поединци го градат тимот. Каузална врска! Односот надвор е значајна алка во кохезијата на теренот. Едноставно, без атмосфера нема резултат.

  • Ракомет 24.01.2015 17:05

    Ал Атијах ни носи среќа

    Македонската ракометна репрезентација не го менува местото на настанот и во  осминафиналната пресметка со Словенија утре во 16.30 часот.

  • Ракомет 24.01.2015 17:03

    Четири кандидати, два осминафинални билета

    Египет или Исланд од „Це“, Русија или Аргентина од групата „Де“?

  • Ракомет 24.01.2015 14:02

    Во осминафиналето - рампа за Гајиќ!

    Случајно или не, македонските ракометари повторно пред себе имаат огромна опасност од позиција десно крило. Пред утрешниот осминафинален натпревар на Светското првемство во Катар, нашиот аларм најгласно свири на Драган Гајиќ.

Pages