Светските патеки денеска ги отворија своите врати за светската скијачка елита. Започна новата сезона! Промотивното натпреварување по традиција се одржа во Зелден, во австрискиот дел од Алпите. Се возеше првиот од 7-те женски велеслаломи.
Спорт
-
Останати спортови 25.10.2014 16:07
-
Кошарка 25.10.2014 16:05
Крка за гостинско „сефте“
Откако двапати го искорити домашниот паркет во Јадранската лига, првата гостинска победа сезонава МЗТ Скопје ќе ја бара во салата на Крка. Словенечкиот тим важи за фаворит во вечерашниот натпревар, пред се поради подобриот впечаток што го остави досега.
-
Фудбал 24.10.2014 15:56
Ждрепката за купот во вторник
ФФМ го објави датумот за извлекување на 1/4 финалните двојки во Националниот фудбалски куп на Македонија. Во вторник во 12 часот, во просториите на нашата фудбалска куќа, ќе ги дознаеме мечевите и датумите од следната елиминациска рунда.
-
Фудбал 24.10.2014 11:13
Муарем со историски гол, Адеми со утешен
Македонскиот репрезентативец Муарем Муарем влезе во историјата на клупскиот фудбал на Азербејџан. Неговиот погодок во 21 минута на гостувањето во Киев против Дњипро му донесе три бода на Карабаг, кој е прв клуб од таа земја со победа во еден од европските фудбалски купови воопшто.
-
Фудбал 24.10.2014 11:06
Фудбал УЕФА реши: 3:0 за Србија, минус 3 бода за Србија
Прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија од квалификациите за ЕУРО 2016 доби епилог. „Дисциплинците“ на УЕФА во неколку точки ги санкционираат настаните од Белград.
-
Ракомет 23.10.2014 17:30
Вардар против Татран очекува три бода за заокружување на успешната етапа
РК Вардар одржа прес конференција во пресрет на дерби натпреварот со Татран, кој ќе се игра утреечер во салата “Ј. Сандански“ со почеток од 20.15 часот.
-
Фудбал 23.10.2014 16:41
Салцбург и Динамо по европска пролет
Можеби е второ по ранг, но лига европа за повеќе клубови е натпреварување за рехабилитација и спас на евросезоната по неуспехот да се избори настап маѓу најдобрите во Лигата на шампионите.
-
Фудбал 23.10.2014 16:02
Скок за 13 места на Македонија на листата на ФИФА
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок од 13 места на ранкингот на ФИФА. На најновата листа Македонија е симболично место, на делба на 99 и 100 позиција со Летонија, со по 340 поени.
-
Фудбал 23.10.2014 15:54
Вечер на „малите“!
Вторничките 40 голови на осум натпревари се ретко повторливи, но и сегментот А – Д понуди интересно трето коло на Лигата на шампионите. „Малите“ не се исплашија од „големите“, па Олимпијакос кој пред само четири години загуби со 7:0, сега го совлада Јувентус со 1:0.
-
Фудбал 22.10.2014 19:56
Вардар продолжува во Купот
Вардар во Скопје ја совлада Шкендија со 3:0. Фудбалскиот Куп на Македонија го доби осмиот учесник во ¼ финалето. Брзо фудбалерите на Вардар ја анулираа предноста на Шкендија од првиот натпревар со 2:1.









