Спорт

  • Кошарка 26.04.2014 16:49

    НБА победи на Хјустон, Чикаго и на Бруклин!

    Хјустон и Чикаго намалија, Бруклин поведе со 2:1 во првото плеј – оф коло во НБА лигата. По двата домашни пораза во западната конференција, „Рокетс“ триумфираа во Портланд и тоа по продолжение со 121:116.

  • Фудбал 26.04.2014 11:26

    30 коло, вжештувањето продолжува

    Се надѕира крајот на фудбалското првенство на Македонија, но само календарски. За аспирантите  за титулата, последните  4 кола се „вечност“!

  • Кошарка 26.04.2014 00:02

    Европа ќе добие нов кошаркарски првак!

    Покрај Барселона и Макаби, вечерва на фајнл – фор турнирот на Евролигата од 16 до 18 мај се пласираа и Реал Мадрид и ЦСКА Москва.

  • Кошарка 25.04.2014 22:44

    Хрватите преку Белград во Европа!

    Нолан Смит во улога на Кецман, Цедевита во ролјата на Партизан. Хрватите во финале, нема Евролига преку АБА лигата за црно-белите.

  • Фудбал 25.04.2014 20:51

    Македонија сака натпревар од ЕУРО 2020-та!

    И официјално, ФФМ со гаранција на Владата на Република Македонија поднесе кандидатура за организатор на дуел од фазата по групи. Разбирливо, во силната конкуренција ќе влезе „Националната Арена Филип Втори“  чијшто капацитет е 33.500 гледачи.

  • Фудбал 25.04.2014 19:55

    Почина Тито Виљанова

    Тито Виљанова се бореше со рак на грлото од 2011-та година, но и покрај влошената здравствена ситуација се реши да остане на клупата на Барса кога Гвардиола замина во привремена пензија.

  • Фудбал 25.04.2014 15:07

    Европа лига, факти и реакции!

    Бенфика води против Јувентус, Севилја има предност во шпанската пресметка со Валенсија, но се уште секој има објективна основа да се надева на финале во УЕФА Европа лигата.

  • Формула 1 25.04.2014 13:24

    И едно и друго

    Денеска во 9 часот во судот во Минхен почна судењето на шефот на формула 1 Берни Еклстон(83) кој е под обвинение за давање мито на германскиот банкар Герхард Грипковски во износ од 33 милиони евра.

  • Фудбал 25.04.2014 11:56

    Куиаба, една грижа помалку за ФИФА

    ФИФА ја негира загриженоста околу проблемот со градежните работи  на „Арена Пантанал“ во Куиба.Стадионот ќе биде целосно  подготвен за претстојното Светско првенство до крајот на следниот викенд, а тоа е  пет месеци задоцнување во однос на првично поставените рокови од страна на ФИФА.

  • Кошарка 25.04.2014 11:52

    Атланта е убиецот на џиновите

    Најдобрата екипа на Истокот повторно потклекна пред налетот на Антиќ и Хокс. Екипата на нашиот интернационалец го доби првиот меч на домашен терен и се наоѓа на два меча од пласман во втората рунда.
     

Pages