Аквариум висок 16 метри експлодираше во берлински хотел. Аквариумот содржел милион литри вода.
Според веб-страницата на хотелот, овој аквариум е најголемиот слободностоечки цилиндричен аквариум во светот и е модернизиран во летото 2020 година.
Аквариум висок 16 метри експлодираше во берлински хотел. Аквариумот содржел милион литри вода.
Според веб-страницата на хотелот, овој аквариум е најголемиот слободностоечки цилиндричен аквариум во светот и е модернизиран во летото 2020 година.
Прва пресуда на специјалниот Совет на Хашкиот суд за злосторства извршени од припадници на ОВК.
50 годишниот Саљих Мустафа, припадник на паравоената формација ОВК е осуден на 26 години затвор за злосторства извршени на Косово во 1999 година.
На административниот премин „Мердаре“ до КФОР е доставено барањето за враќање на стотина до илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово. Белград се повика на резолуцијата 1 244.
Загинати и повредени цивили во последните руски напади врз цели во Украина. Сирените за воздушни напади се огласија во Луганската област, Харков, Киев, Одеса. Од Кабинетот на украинскиот претседател велат дека Херсон е повторно без струја. При руски гранатирања има загинати и повредени.
Најмалку осум лица загинаа при лизгање земјиште во камп во Малезија. Спасени биле 53 лица, а седуммина се повредени.
Десет лица, меѓу кои пет деца на возраст од 10 до 15 години загинаа во пожар во седумкатница во близина на Лион, Франција. Четири лица се во критична сосотојба а 10 други меѓу кои двајца пожарникари се повредени.
Пожарот избувнал во раните утрински часови но не е познато како избувнал.
Американскиот сенат усвои закон со кој се одобруваат рекордни годишни трошоци за одбрана од 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди долари повеќе од предлогот на претседателот Џозеф Бајден.
Сирени за воздушен напад изутрината низ Украина, вклучително и главниот град Киев, сигнализирајќи нов руски ракетен напад, соопштија локалните власти.
Претседателот на Србија Вучиќ изјави дека Србија решила барањето да се овозможи враќање на српските воени и полициски сили на Косово, денеска да биде доставено на административните премини. Барањето синоќа требало да биде по електронска пошта испратено до КФОР.
Руската војска постави балистичка ракета Јарс на лансирна рампа во регионот Калуга.
Од формацијата Козелски изјавија дека со ова, земјата добива уште еден примерок на нуклеарно ракетно оружје за решавање на сите задачи на стратешко ниво.