• Свет 13.12.2022 12:42

    Косово: Главните патишта блокирани, состојбата тензична

    Главните патишта на северот на Косово и натаму блокирани. Ниту пеш не може да се поминат административните премини Јариње и Брњак. Состојбата е тензична. И етничките Срби и етничките Албанци се надеваат на мирно решение, со посредство на меѓународната заедница.

  • Свет 13.12.2022 12:06

    Меѓународна конференција во Париз за помош на Украина

    Киев и Париз ги мобилизираат западните сили за помош на Украинците. Зимската сезона е сериозен предизвик во услови на нарушена енергетска инфраструктура.

  • Свет 13.12.2022 10:17

    Полицајци загинаа во заседа во Квинсленд

    Шестмина загинаа, вклучувајќи и двајца млади полицајци, во престрелка во руралниот дел на австралискиот град Виембел, Квинсленд. Офицерите биле ликвидирани во заседа при операција за барање на исчезнато лице.

  • Свет 13.12.2022 10:09

    Поддржувачите на Болсонаро на протест

    Судир меѓу полицијата и приврзаниците на поранешниот претседател Болсонаро во Бразил. Неговите симпатизери се обидоа да упаднат во федералната полиција по потврдувањето на изборната победа на левичарскиот лидер Луис Инасио Лула да Силва.

  • Свет 13.12.2022 10:07

    Зеленски: Москва да се повлече до Божиќ

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара Москва да ги повлече своите сили до Божиќ. На состанокот на Г7 беше договорено продолжување на воените капацитети на Киев и зголемување на притисокот врз Русија.

  • Свет 13.12.2022 10:00

    Северниот дел на Косово и натаму блокиран

    Главните патишта во северно Косово и натаму блокирани. Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, остануваат на барикадите, а во регионот има и полициски блокади.

  • Свет 12.12.2022 15:11

    Замрзнат имотот на потпретседателката на ЕП, Каили

    Четири лица се обвинети дека биле дел од криминална група за перење пари и корупција во врска со истрагата за сомнително вршење влијание од страна на една земја од Персискиот залив во Парламентот на Европската унија.

  • Свет 12.12.2022 12:43

    Борел: Белград и Приштина да се вратат на дијалогот

    Тенденцијата за судири на улица и блокади не е начин да се бара договор. Белград и Приштина да се вратат на дијалогот, порача специјалниот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел.

  • Свет 12.12.2022 11:58

    Снежна бура ја зафати Британија

    Снежна бура во БританијаПоради изобилни снежни врнежи, мразот и маглата, сите летови на аеродромот „Станстед“ во Лондон се прекинати. Аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ откажаа или одложија дел летовите.

  • Свет 12.12.2022 11:31

    Бајден: Зајакнувањето на украинската воздушна одбрана е приоритет за САД

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со американскиот претседателот Џозеф Бајден, откако имаше разговори и со лидерите на Турција и Франција, Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон.

Pages