Бугарското Народно собрание не избра Влада. 125 пратеници беа против предлогот Христијан Габровски да биде премиер. Само 113 народни избраници од ГЕРБ-СДС и Бугарски подем беа за предложениот состав. Во експозето, Габровски ги повика пратениците на разум и да го надминат теснопартискиот интерес.
-
Свет 14.12.2022 12:22
-
Свет 14.12.2022 12:20
Поројни дождови и поплави на Пиринејскиот Полуостров
Поројни дождови и поплави на Пиринејскиот Полуостров. Во Португалија блокиран дел од патната инфраструктура. Уништени се повеќе станбени објекти. Наставата е откажана во неколку училишта во Лисабон. Слична е состојбата и во делови од западна Шпанија.
-
Свет 14.12.2022 12:08
Шолц: Балканот треба да влезе во ЕУ
„Во интерес на Берлин и Брисел е земјите од Балканот да влезат во ЕУ“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
-
Свет 14.12.2022 10:25
Болуарте: Можна вонредна состојба во целата земја
Можно е прогласување на вонредна состојба во Перу поради протестите, по смената на претседателот Кастиљо. Неговата наследничка, Дина Болуарте, организира состанок на највисоко ниво.
-
Свет 14.12.2022 10:18
Серија експлозии во Киев
Серија експлозии во центарот на Киев. Украинскиот систем за противвоздушна одбрана соборил 10 дронови од иранско производство над Киев и околината. Белорусија врши проверка на борбената готовност, ќе се преместува воена опрема и сили како одговор на можен тероризам.
-
Свет 14.12.2022 10:13
Бугарското собрание ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски
Бугарското Народно собрание гласа за предлог владата на мандатарот Николај Габровски. „Промените продолжуваат“, „Демократска Бугарија“, БСП и „Препород“ се против влада со мандат на ГЕРБ-СДС. ГЕРБ победи на предвремените избори, четврти во последните 18 месеци.
-
Свет 14.12.2022 09:53
Мирно, но тензично во северниот дел на Косово
Ситуацијата во северно Косово непроменета. Барикадите остануваат на патиштата петти ден по ред, состојбата е мирна, но тензична. Премиерката на Србија Брнабиќ побара помош од Брисел за ослободување на притворениот полицаец Пантиќ. Училиштата во овој дел од Косово не работат.
-
Свет 13.12.2022 20:36
Штрајк на железничарите во Велика Британија
Британските железничари денеска на повик на синдикатот започнаа штрајк, со барања за повисоки плати во мигови кога растечката инфлација го разјадува животниот стандард.
-
Свет 13.12.2022 15:08
ЕП ја разреши Ева Каили од потпретседателската функција
Европскиот парламент ја разреши Ева Каили од функцијата потпретседателската функција поради корупцискиот скандал. Таа беше уапсена поради сомнеж дека добивала пари од земја од Заливот, за којашто медиумите пренесуваат дека е Катар, во обид да влијае на позициите на Парламентот.
-
Свет 13.12.2022 15:03
БИХ добива статус на кандидат за членство во ЕУ
Министрите за европски прашања на состанокот во Брисел успеале да постигнат консензус за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина за членство во Европската Унија. Одлуката треба да биде потврдена в четврток на самитот на лидерите.










