Мирна ноќ на северот на Косово. Шести ден српски барикади на граничните премини Јариње и Брњак.
-
Свет 15.12.2022 13:05
-
Свет 15.12.2022 10:31
По поразот на Мароко приведени стотина навивачи
Околу стотина навивачи биле приведени во Брисел поради нереди, по поразот на Мароко од Франција во полуфиналниот натпревар на светското првенство во фудбал во Катар.
-
Свет 15.12.2022 10:24
Во Брисел денеска се одржува прв Самит ЕУ-Асеан
Европската унија и Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија во Брисел на прв Самит фокусиран на економијата и климата. Европските лидери сакаат заедничка изјава, во која војната во Украина се опишува како чин на руска агресија.
-
Свет 15.12.2022 09:45
Мирно на северот на Косово, барикадите остануваат
Мирна ноќ на северот на Косово. Шести ден српски барикади на граничните премини Јариње и Брњак.
-
Свет 15.12.2022 09:19
ЕП и Советот на ЕУ постигнаа договор за визна либерализација за Косово
Преговарачките тимови на Европскиот парламент и на Советот на Европската унија (ЕУ) на 14-ти декември постигнаа договор за укинување на визите за граѓаните на Косово.
-
Свет 14.12.2022 18:40
Идејата за трибунал за Киев без поддршка во ЕУ
Членките на ЕУ не постигнаа договор за формирање меѓународен трибунал, кој ќе ги гони наводните руски воени злосторства во Украина. Во меѓувреме, битките продолжуваат.
Руските сили ја погодиле зградата на регионалната администрација во Херсон, велат украинските власти.
-
Свет 14.12.2022 18:37
15 милиони луѓе погодени од снежно невреме
Околу 15 милиони луѓе во десетина американски држави се погодени од снежни бури и силен ветер. Големи снежни врнежи во Калифорнија.
Предупредувања за ледено невреме на горниот среден запад и по должина на Мексиканскиот залив. Јужниот дел на земјата е погоден од торнада.
-
Свет 14.12.2022 14:27
Косово го потпиша барањето за членство во ЕУ
Претставниците на Европската Унија и на САД, овие два дена во Приштина и Белград прават обид да ги смират тензиите. По разговорите со косовските власти, Лајчак и Ескобар заминаа во Белград.
-
Свет 14.12.2022 12:37
Ескобар: САД се против враќањето на српските сили
Претставниците на Европската Унија и на САД на Косово, во обид да ја смират тензичната ситуација на северот. Претставникот на ЕУ, Лајчак, и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Ескобар, со косовскиот премиер Курти разговараа за многу прашања со цел да се деескалираат тензиите.
-
Свет 14.12.2022 12:23
Во Јужна Кореја распоредена единица на вселенските сили
САД распоредија нова единица на вселенските сили во Јужна Кореја. Сеул и Вашингтон ги зголемуваат капацитетите за подобра одбрана од заканите на севернокорејската нуклеарна програма.
Пјонгјанг продолжува со пробите и покрај предупредувањата од меѓународната заедница.










