Володимир Зеленски објави дека украинските сили ослободиле неколку населени места претходно освоени од Русија, неколку дена по шпекулациите за можен напредок на украинската војска во источниот регион.
-
Свет 08.09.2022 13:18
-
Свет 08.09.2022 11:41
Кина: Бројот на загинати во земјотресот се искачи на над 80 лица
Бројот на загинати во земјотресот со јачина во југозападната кинеска провинција Сечуан, се искачи на 82, а 35 се водат како исчезнати.
Градот во средата го погоди нов земјотрес со помал интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
-
Свет 07.09.2022 20:26
Референдуми за анексија на украинските територии на 4-ти ноември
Партијата Единствена Русија на Владимир Путин предлага на 4-ти ноември да се одржи референдум за анексија на украинските територии кои се под контрола на руските сили.
-
Свет 07.09.2022 19:38
САД размислуваат за годишни вакцини против Ковид-19
САД најверојатно ќе почнат да препорачуваат годишни вакцини против Ковид-19, соопштија здравствените власти.
-
Свет 07.09.2022 19:22
Расте бројот на загинати во пожарот во караоке бар во Виетнам
Најмалку 23 лица загинаа во пожарот што избувна во трикатен бар за караоке во јужен Виетнам. Во пожарот се повредени десетици луѓе.
-
Свет 07.09.2022 13:06
Гроси: Секоја штета на нуклеарна централа во Запорожје може да доведе до катастрофа
По посетата на атомската централа Запорожје, шефот на меѓународната агенција за атомска енергија, гроси упати алармирачки пораки. Си играме со оган и може да се случи нешто многу катастрофално, рече гроси пред советот за безбедност во Њујорк.
-
Свет 07.09.2022 10:10
Нови шумски пожари во Калифорнија
Најмалку две лица загинаа, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови откако избувна шумски пожар на подрачјето на Лос Анџелес во Калифорнија. Едно лице е хоспитализирано со тешки изгореници. Пожарникарите повикаа на евакуација на повеќе од 3.000 жители.
-
Свет 07.09.2022 10:07
Пожар во караоке бар во Виетнам, 12 загинати и 11 повредени
Најмалку 12 лица загинаа, а 11 се повредени во пожар во караоке бар во на југот на Виетнам.
Пожарот избувна синоќа во бар во провинцијата Бин Дуонг
Спасувачките екипи се на лице место во потрага по жртви. Причината за пожарот сè уште не е утврдена и отворена е истрага.
-
Свет 07.09.2022 10:04
Трас ја прифати поканата да ја посети Украина
Новата британска премиерка Лиз Трас ја прифати поканата да ја посети Украина и ја повтори поддршката на Велика Британија за слободата и демократијата на Украина.
-
Свет 07.09.2022 10:00
„Играње со оган“ околу централата Запорожје
По посетата на атомската централа Запорожје, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Гроси упати алармирачки пораки. Си играме со оган и може да се случи нешто многу катастрофално, рече Гроси пред советот за безбедност во Њујорк.









