Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска почнува тридневна турнеја во чии рамките ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.
Ердоган денеска во Сараево ќе разговара со највисоките претставници на Босна и Херцеговина.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска почнува тридневна турнеја во чии рамките ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.
Ердоган денеска во Сараево ќе разговара со највисоките претставници на Босна и Херцеговина.
3.500 луѓе се евакуирани, а приближно 15.000 лица се предупредени да не ги напуштаат домовите поради налетот на тајфунот Хинамнор во Јужна Кореја.
Бројот на жртви во земјотресот што ја потресе југозападната кинеска провинција Сечуан достигна 46 загинати и 50 повредени. 16 лица се водат како исчезнати.
Канадската полиција го пронашла телото на еден од двајцата браќа осомничени за масовното убиство во провинцијата Саскачеван.
Триесет и едногодишниот Демиен Сандерсон е пронајден со повреди на телото, за кои се чини дека не си ги си ги нанесол самиот.
Лиз Трас, која денес ги презема должностите на премиерка на Британија, нема да му понуди на поранешниот министер за финансии Риши Сунак место во нејзиниот кабинет, објави британски Гардијан. Сунак претходно рече дека нема да прифати министерска позиција во владата на Трус.
Франција и Германија се договорија меѓусебно да си помагаат во справувањето со енергетската криза што произлегува од војната во Украина, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се искачија над 96 долари откако водечките производители одлучија благо да го намалат производството во октомври.
Лиз Трас ќе биде третата жена на позицијата британски премиер откако беше потврдена за нов лидер на конзервативната партија. Четириесет и седумгодишната Трас досега беше министерка за надворешни работи и министерка за жени и еднаквост.
Во Велика Британија денеска се објавува резултатот од гласањето на членовите на Конзервативната партија за нов партиски лидер.
Канадската полиција е во потрага по две лица, осомничени дека со нож усмртиле десетмина, а раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван.