• Свет 31.08.2022 16:46

    Југозападот на САД зафатен од топлотен бран

    Опасен топлотен бран го зафати југозападот на САД. Синоптичарите најавуваат температура и до 44 степени Целзиусови во густонаселени предградија на Лос Анџелес.

  • Свет 31.08.2022 16:46

    Тајван: Ќе ги следиме кинеските воени активности

    Тајванското Министерство за одбрана ги следи кинеските воени активности и предупреди дека ќе преземе посилни контрамерки ако треба да одговори на упадите од Пекинг. Претходно беше отворен оган кон дронови од Кина кои летале над тајвански воени пунктови.

  • Свет 31.08.2022 13:42

    Светот се збогува со Михаил Горбачов

    Светот се збогува Михаил Сергеевич Горбачов кој почина 92 годишна возраст. Жителите на Москава со различни реакции за смртта на последниот водач на Советскиот Сојуз и за многумина човекот кој ја врати демократијата на тогашните европски нации кои живееја во комунизам.

  • Свет 31.08.2022 13:08

    Зеленски: Руското гранатирање продолжува околу нуклеарката

    Украинскиот претседател Зеленски предупреди дека руските сили прават „провокации“ на рутата по која тим нуклеарни инспектори на ОН оделе од Киев кон нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола. Рече и дека продолжуваат бомбардирањата околу објектот.

  • Свет 31.08.2022 11:13

    СЗО: Мајмунските сипаници може да се елиминираат

    Можно е да се елиминира епидемијата на мајмунски сипаници во Европа, изјавија претставници на Светската здравствена организација, нагласувајќи дека бројот на случаи се забавува во неколку земји.

  • Свет 31.08.2022 10:51

    Почина Михаил Горбачов

    Поранешниот советски лидер и добитник на Нобеловата награда за мир, Михаил Горбачов, почина на 92-годишна возраст.

    Тој беше последен претседател на СССР, стави крај на Студената војна без крвопролевање, но, не успеа да го спречи распаѓањето на Советскиот сојуз.

  • Свет 31.08.2022 10:37

    Прекин на снабдувањето со гас преку Северен тек 1

    Од денеска до 2-ри септември прекинува испораката на руски гас преку гасоводот Северен тек 1 поради, како што е соопштено од Москва, „одржување“.

  • Свет 31.08.2022 09:11

    Дипломати сакаат учество на Зеленски на Генералното собрание на ОН

    Дипломати се обидуваат да организираат посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, што ќе биде негова прва посета во странство од почетокот на руската инвазија на 24-ти февруари.

  • Свет 30.08.2022 15:17

    Жртви во борбите по оставката на Моктада Ал Садр

    Десетици луѓе се убиени, а стотици се повредени во едни од најтешките судири во Багдад, откако еден од главните лидери во Ирак ја напушти политиката.

  • Свет 30.08.2022 12:57

    Се проширува воениот фронт, напади во Харков и Херсон

    Се проширува воениот фронт во Украина. Жртви во гранатирање во Харков, артилериски оган и околу Херсон. Украинските сили ракетираат траекти на непријателот на југот, а Русија ги интензивира напорите на западниот брег на Дњепар.

Pages