Светската организација за заштита на природата процени дека 17% од европското население и 13% од неговиот БДП може да се соочи со екстремни ризици поради недостиг од вода до 2050 година.
-
Свет 25.08.2022 09:56
-
Свет 25.08.2022 09:55
Лајчак и Ескобар во посета на Белград
Претставниците на ЕУ и САД Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар во дводневна посета на Белград. Целта на мисијата е спречување на нова ескалација на тензиите на северот на Косово.
-
Свет 25.08.2022 09:55
ОН бараат дозвола за мисијата на МААЕ во Запорожје
Обединетите нации повторно бараат Русија и Украина да ја одобрат експертската мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија во нуклеарната централа во Запорожје.
-
Свет 24.08.2022 19:07
Нов руски напад во Украина, има жртви
Русија истрела ракети врз железничката станица во областа Дњепропетровск во централна Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото видео обраќање на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.
-
Свет 24.08.2022 18:07
Кирил Петков го тужи Бојко Борисов
Поранешниот премиер и копретседател на Продолжување со промените Кирил Петков го тужи лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов за половина милион лева (250.000 евра).
-
Свет 24.08.2022 15:24
Загриженост во светот поради високите цени на струјата
Високите цени на електричната енергија внесуваат голема загриженост во светот. Земјите во битка со времето за изнаоѓање начини како да се преживее претстојнава зима. Крај на изобилството и крај на безгрижноста – вака францускиот претседател Макрон ги предупреди сограѓаните.
-
Свет 24.08.2022 15:17
Средба на опозициски лидери со Лајчак и Ескобар во Приштина
ЕУ и САД продолжуваат со мисијата за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина. Косовската опозиција на средба со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Лајчак, американскиот пратеник за Западен Балкан, Ескобар и амбасадорот на САД во Косово, Ховениер.
-
Свет 24.08.2022 14:41
Робот служи храна во ресторан во САД
Робот помага во ресторан во Мисури кога има недостиг од персонал. Бидејќи побарувачката расте по пандемијата, некои сопственици на ресторани се свртуваат кон необичен извор за да му помогнат на својот персонал.
-
Свет 24.08.2022 13:08
Кина го лансираше сателитот Чуангксин-16 во вселената
Кина успешно лансираше нов сателит во вселената од југозападната провинција Сечуан. Сателитот Чуангксин-16, развиен од Кинеската академија на науките успешно влезе во планираната орбита.
Сателитот главно ќе се користи за научни експерименти и верификација на нови технологии.
-
Свет 24.08.2022 13:08
УНИЦЕФ: Поради сушата, на милиони деца во Африка им се заканува смрт
Поради сушата, на милиони деца во Африка им се заканува смртта, предупредува УНИЦЕФ. Детскиот фонд при Обединетите нации предупреди дека голем број може да настрадаат поради неухранетост и ризик од болести кои се пренесуваат преку вода.










