Десетици илјади лица се евакуирани од Југозападна Кина во побезбедни области, бидејќи се проценува дека регионот што е погоден од топлотен бран и суша во поголемиот дел од летото, сега е во опасност од поплави поради обилните дождови.
-
Свет 29.08.2022 12:17
-
Свет 29.08.2022 12:06
НАСА ќе ја лансира најмоќната ракета на Месечината
За прв пат по 50 години, НАСА ќе ја лансира првата ракета што во иднина ќе може да носи и луѓе до и од Месечината.
-
Свет 29.08.2022 11:18
Бугарија бара од „Газпром“ враќање на преговорите за гасот, се чека одговор од руската компанија
„Газпром“ се очекува да ѝ одговори на Бугарија дали ќе се вратат на преговарачката маса за обнова на испораките на гас во рамките на постојниот договор, што истекува на 31-ви декември.
-
Свет 29.08.2022 10:49
Над 25 илјади мигранти го преминале Ла Манш
Британската влада тврди - годинава над 25 илјади мигранти го преминале Ла Манш. Само во саботата на британскиот брег пристигнале 915 лица кои се превезувале со 19 чамци.
За 2022-ра година се очекува удвојување на бројот во однос на лани.
-
Свет 29.08.2022 10:37
Кирби: Американските воени бродови не значат промена на политиката кон Кина
„Американските воени бродови во Тајванскиот теснец не значат промена на политиката кон Кина“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.
Додаде дека присуството во меѓународните води е знак за подготвеноста да се обезбеди слободен и отворен Индопацифички регион.
-
Свет 29.08.2022 10:22
ЕУ: Неделава одлука за суспендирањето на визното ослободување за Русија
Се очекува министрите на Европската унија неделава да ja поддржат суспензијата на договорот со Москва од 2007-ма година, кој им обезбеди на Русите визно олеснување.
Одлуката ќе се носи на дводневниот состанок во Прага, кој започнува утре.
-
Свет 29.08.2022 09:55
Тим на меѓународни експерти тргна кон Запорожје
Тим на Меѓународната агенција за атомска енергија тргна кон Запорожје. Неделава ќе ја посети нуклеарната централа која е под контрола на руските сили. Најголемиот атомски комплекс во Европа беше цел на чести напади, за што Русија и Украина меѓусебно се обвинуваа.
-
Свет 28.08.2022 12:46
Пакистан прогласи вонредна состојба, владата бара меѓународна помош
Пакистан бара дополнителна меѓународна помош поради катастрофалните поплави во кои животот го загубија 1.000 лица. По неколкумесечните рекордни монсунски дождови, владата во петокот прогласи вонредна состојба. 180.000 веќе ги напуштија домовите од најкритичните подрачја.
-
Свет 28.08.2022 09:59
Апсења во Хрватска поради злоупотреби и перење пари, и трговија со гас
Апсења во Хрватска поради перење пари и трговија со гас. Осомничените купувале поевтин природен гас од хрватската компанија „ИНА“ и потоа го препродавале за многу поскапа цена.
-
Свет 28.08.2022 09:58
Американски воени бродови минуваат низ Тајванскиот теснец
Два воени брода на американската морнарица пловат низ меѓународните води во Тајванскиот теснец, прв пат по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.









