Славје во Херсон по повлекувањето на руските трупи од единствениот регионален центар освоен во војната и нивното репозиционирање на левиот брег на реката Днепар. Жителите се собраа на централниот градски плоштад каде што беше изведена украинската химна.
-
Свет 12.11.2022 16:45
-
Свет 12.11.2022 11:23
Нов земјотрес со сила од 4,3 по Рихтер кај Римини
Повторно земјотрес во близина на италијанскиот брег во Јадранското море. Потресот бил со сила од 4.3 степени по Рихтер, на длабочина од 10 километри.
Епицентарот бил на 61 километар од италијанскиот град Римини.
-
Свет 12.11.2022 11:20
Трамп во вторник ќе ја објави кандидатурата за претседател
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторник ќе објави дека е „кандидат за претседателските избори“ во 2024-та година, потврди неговиот близок советник.
-
Свет 12.11.2022 11:13
ОН: Вонредна седница на барање на Германија и Исланд
Советот за човекови права на ОН кон крајот на овој месец треба да одржи специјална седница за Иран, на барање на Германија и Исланд. Двете земји бараат тема на седницата да биде влошувањето на човековите права во Иран, особено во однос на жените и децата.
-
Свет 12.11.2022 11:06
Брод за крстерење со 800 заразени со коронавирус се закотви во Сиднеј
Брод за крстарење со 800 патници заразени со коронавирус пристигна во пристаништето во Сиднеј.
Отпловил од Нов Зеланд. Превезувал 4 600 патници и членови на екипажот. Еден од петмина бил асимптоматски или имал благи симтоми на вирусот.
-
Свет 12.11.2022 10:36
Се слави во Херсон додека руските трупи се повлекуваат
Продолжува славјето во Херсон додека руските трупи се повлекуваат од градот. Херсон беше под руска окупација од март и е првиот голем украински град окупиран од Русија.
-
Свет 11.11.2022 19:39
Белград и Приштина со непроменети ставови
Србија и Косово со непроменети ставови по одделните средби во Париз со шефот на европската дипломатија Борел.
-
Свет 11.11.2022 18:54
Опасност од цунами по силниот земјотрес на Тонга
Предупредување за цунами по силниот земјотрес на Тонга, јужен Пацифик. Потресот од 7,3 рихтери бил на длабочина од 24,8 километри, 183 километри оддалечен од Нејафу.
-
Свет 11.11.2022 16:44
Борел на одделни средби со Курти и Вучиќ
Во обид да ги смири тензиите помеѓу Белград и Приштина, шефот на европската дипломатија Борел на одделни средби со косовскиот премиер Албин Курти и со српскиот претседател Александар Вучиќ во Париз.
-
Свет 11.11.2022 15:18
Нетанјаху ќе составува уште една влада
В недела, израелскиот претседател Исак Херцог ќе му го довери мандатот за формирање на нова влада на лидерот на конзервативната Ликуд, Бенјамин Нетанјаху.









