• Свет 05.10.2022 12:30

    Назначени вршители на должности на припоените области

    Рускиот претседател Путин потпиша четири федерални уставни закони за пристапување кон Русија на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, и на регионите Запорожје и Херсон во Украина и назначи нивни привремени водачи.

  • Свет 05.10.2022 09:54

    Опфатени 37 земји, убиени над 47 милиони птици

    Епидемијата на птичјиот грип оваа сезона зафати вкупно 37 европски земји, а вирусот за прв пат го премина Атлантикот долж миграциските патишта, предизвикувајќи тешка епидемија кај живината во неколку канадски провинции и американски држави.

    Уништени се 47,7 милиони птици.

  • Свет 05.10.2022 09:53

    Шојгу: Ангажирани се повеќе од 200.000 резервисти

    Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека руската војска ангажирала повеќе од 200.000 резервисти во рамки на делумната мобилизација, која почна пред две недели.

  • Свет 05.10.2022 09:53

    Јужна Кореја и САД истрелаа проектили како одговор на Пјонгјанг

    Јужнокорејската и американската војска спроведоа ракетни вежби при што истрелаа неколку ракети со краток дострел во морето како одговор на севернокорејското лансирање балистичка ракета над Јапонија.

    Јужнокорејската војска соопшти дека ракетата „хјунму-2“ паднала набргу по лансирањето.

  • Свет 05.10.2022 09:46

    Расправа за проширување на Шенген-зоната

    Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната. Се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ што сакаат да бидат вклучени во неа.

  • Свет 05.10.2022 09:05

    Паѓа рејтингот на Бајден

    Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден дополнително се намали оваа недела и е блиску до најниското ниво во неговиот мандат, покажува истражувањето на Ројтерс и на Ипсос.   

  • Свет 04.10.2022 14:07

    Неизвесно дали поранешниот премиер ќе може да состави Влада

    И натаму е неизвесно дали ГЕРБ, која победи на неделните избори ќе може да формира Влада. Лидерот Борисов вели дека е подготвен да разговора со своите политички ривали. Сепак, категорично ја отфрли можноста за коалицирање со ДПС, со партијата на Јанев и со „Преродба“.

  • Свет 04.10.2022 13:42

    Трамп го тужи Си-ен-ен за клевета, бара 475 милиони долари

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи медиумската куќа Си-ен-ен за клевета. Бара отштета од 475 милиони долари од телевизијата која, според него, го искористила своето влијание да му нанесе политички пораз.

  • Свет 04.10.2022 13:42

    Раиси: САД и Израел се зад немирите на протестите

    Лидерот на Иран, Раиси ги обвини САД и Израел за насилните протести по смртта на Амини која беше приведена поради несоодветно носење на хиџаб.

  • Свет 04.10.2022 13:41

    Се зголемува бројот на жртви од ураганот „Иан“

    Се зголемува бројот на жртви од ураганот Иан на Флорида. Спасувачите тргаат по преживеани. Властите на сојузната држава мета на критики поради ненавремено предупредување за евакуација.

    Претседателот Бајден утре во посета на најкритичните области.

     

     

Pages