По успешно завршените пристапни преговори вчера, претставници на Финска и Шведска денеска во седиштето на Алијансата во Брисел ќе го потпишат протоколот со кој официјално почнува процесот на нивно приклучување во НАТО.
-
Свет 05.07.2022 09:02
-
Свет 04.07.2022 18:06
САД го прославуваат денот на независноста
Денот на независноста ја слави одлуката на 13-те првични колонии, да се откажат од британското владеење и да ги формираат Соединетите држави.
-
Свет 04.07.2022 12:46
Украинската армија се повлече од Лисичанск, руските сили се пренасочија кон Доњецк
Украинската војска се повлекува од Лисичанск. Според генералштабот на воените сили, какво било продолжување на борбите ќе доведе до фатални последици за трупите. Со ова, Украина го губи последното упориште во Луганск.
-
Свет 04.07.2022 11:04
Тропската бура „Бони“ прерасна во ураган од прва категорија
Тропската бура „Бони“ прерасна во ураган од прва категорија на југозападниот брег на Мексико. Претходно во Салвадор и Никарагва усмрти тројца и предизвика материјална штета.
-
Свет 04.07.2022 09:47
Евакуација во Сиднеј поради поплави
Над 30 илјади жители на Сиднеј се евакуирани поради поплавите кои го парализираа најголемиот град во Австралија.
Метрополата со пет милиони луѓе се справува со четвртата вонредна ситуација во последните 18 месеци.
Поројните дождови предизвикаа прелевање на браните.
-
Свет 04.07.2022 09:43
Жртви во пукање во трговски центар во Копенхаген
Тројца мртви во пукање во трговски центар во Копенхаген. Уште три се во критична здравствена состојба. Уапсен е 22-годишен Данец кој е осомничен за масакрот. Покрај пушка, кај него е пронајдена и муниција, но според полицијата, засега не е утврден мотивот.
-
Свет 04.07.2022 09:42
Лисичанск под руска контрола, во Швајцарија конференција за помош на Киев
Украинската војска се повлекува од Лисичанск. Според генералштабот на воените сили, какво било продолжување на борбите ќе доведе до фатални последици за трупите. Со оваа одлука, Украина го губи последното упориште во Луганск.
-
Свет 03.07.2022 22:00
Пукање во трговски центар во Копенхаген, има повредени
Неколку лица се повредени во пукање во трговски центар во Копенхаген.
-
Свет 03.07.2022 13:52
Гутереш: Јагленот е непријател број еден на климатските активности
„Климатската акција треба да е приоритет за сите земји во светот и покрај новите регионални судири“ – изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Гутереш.
-
Свет 03.07.2022 12:02
Евакуација на делови од Сиднеј, поплавени од обилни врнежи
Сиднеј под вода поради поројните дождови кои предизвикаа сериозни поплави во најголемиот град во Австралија. Во некои предградија нивото на водата достигна и до 1,5 метар.










