Продолжуваат битките на истокот на Украина. Експлозии и во рускиот град Белгород. Жртви и материјална штета се пријавени и на двете страни.
-
Свет 03.07.2022 11:08
-
Свет 03.07.2022 10:44
Протести во Тел Авив поради поскапувањата
Масовни протести во Тел Авив против поскапувањата во Израел.
Драстичниот скок на цените во земјата којашто е рангирана меѓу најскапите за живот, е последица на ковид-кризата и војната во Украина.
-
Свет 03.07.2022 10:37
Потона брод со 30 членови на екипажот во Јужно Кинеско Море
Брод со 30 членови на екипажот потона во Јужно Кинеско Море поради тајфун. Продолжуваат спасувачките напори.
Операцијата е отежната поради високите бранови и намалената видливост поради невремето. Досега се ивлечени три лица.
Пловилото потонало 300 километри западно од Хонгконг.
-
Свет 02.07.2022 12:37
Тројца полицајци се убиени, а петмина ранети во Кентаки
Тројца полицајци се убиени, а петмина ранети во Кентаки откако ги застрела маж кој бил пријавен за семејно насилство. 49-годишниот Ланс Сторз е уапсен во округот Флојд, по повеќечасовна пресметка со полицијата.
-
Свет 02.07.2022 10:43
СЗО: Трикратно зголемен бројот на заболени лица со мајмунски сипаници во Европа
Сзо предупреди – бројот на заболени лица со мајмунски сипаници во Европа е трикратно зголемен. Од земјите бара да преземат мерки за да се спречи вкоренување на ова заболување кое досега се сметаше за ретка болест во регионот.
-
Свет 02.07.2022 10:31
САД ѝ испраќа на Украина нов пакет воена помош
Доњецк под оган, најкритично во Славјанск, Харков и Лисичанск. Битки и во Одеса.
-
Свет 02.07.2022 10:09
Силен земјотрес во Иран, најмалку пет жртви
Петмина загинаа, а десетици се повредени во земјотрес од 6.1 степен според Рихтер во јужен Иран.
Многумина ноќта ја минаа под отворено небо поради серијата последователни потреси. Потресот кој бил на длабочина од 10 километри бил почувствуван и во соседните земји.
-
Свет 01.07.2022 20:14
Асанж ќе се жали пред Врховниот суд на Велика Британија за одлуката за екстрадиција
Би-Би-Си денеска јави дека Џулијан Асанж побарал дозвола да се жали на одлуката за негова екстрадиција во САД, откако британската министерка за внатрешни работи Прити Пател минатиот месец го одобрила неговото протерување.
-
Свет 01.07.2022 13:00
Чешка од денеска го презема претседателството со ЕУ
Чешката Република од денеска го презема шестмесечното претседавање со Европската Унија (ЕУ). Ќе ја предводат двајца поранешни ректори на Универзитетот Масарик во Брно, чешкиот премиер Петр Фијала и министерот за европски прашања Микулаш Бек.
-
Свет 01.07.2022 11:51
Асен Василев е новиот кандидат за премиер на Бугарија
Асен Василев е новиот кандидат за премиер од „Продолжуваме со промената“. Во претходната влада на Петков, беше вицепремиер и министер за финансии.










