Бугарските социјалисти нема да поддржат нова Влада, доколку Петков е мандатар. Причина, протерувањето на 70 руски дипломати од Бугарија. Петков и Нинова одржаа ненадејна средба, по барање на лидерот на „Продолжуваме со промена“.
-
Свет 30.06.2022 13:19
-
Свет 30.06.2022 13:01
Доживотен затвор за единствениот преживеан терорист од нападите во Париз
Салах Абделслам, единствениот преживеан од групата екстремисти на исламска држава што го организираше нападот во Париз пред седум години во кој беа убиени 130 луѓе, е осуден за тероризам и убиство. Доби доживотен затвор без условна слобода.
-
Свет 30.06.2022 10:43
Силен земјотрес ја потресе БиХ
Земјотрес со јачина од 4,8 степени утрово, нешто по 8 часот, ја погоди БиХ, поточно подрачјето околу Мостар.
-
Свет 30.06.2022 10:33
Амнести: Русија извршила воено злосторство во Мариупол
Извештајот на Амнести Интернешенл открива дека Русија извршила „јасно воено злосторство“ во Мариупол. Собраните докази сугерираат дека Русија намерно го гаѓала театарот во кој цивилите биле засолнети на 16-ти март.
-
Свет 30.06.2022 10:12
Стотици евакуирани поради пожар во Калифорнија
Стотици луѓе се евакуирани поради ширењето на шумскиот пожар во американската сојузна држава Калифорнија.
-
Свет 30.06.2022 10:01
Филипини: Маркос јуниор положи заклетва како претседател
Фердинанд Маркос Јуниор положи заклетва како 17-ти претседател на Филипините, враќајќи една од најозлогласените политички династии во земјата во палатата Малакањанг, 36 години откако неговиот татко беше соборен во народното востание.
-
Свет 29.06.2022 11:13
Зеленски: Рускиот проектил намерно погоди трговски центар
Заврши потрагата по преживеани во трговскиот центар во Кременчук. Градот во централна Украина беше ракетиран од руските сили кои продолжуваат да ги интензивираат нападите и на истокот. Москва тврди дека центарот не работел, а цел на нападот било складиште со оружје крај објектот.
-
Свет 29.06.2022 10:58
ЕУ испорачува вакцини против мајмунски сипаници
Европската комисија почна да им испраќа на земјите-членки вакцини против мајмунски сипаници.
Првите 5.300 дози одат во Шпанија, а по неа вакцини ќе добијат Португалија, Германија и Белгија.
Досега во ЕУ се пријавени 2.682 случаја.
-
Свет 29.06.2022 10:56
Отсечена човечка глава пред судот во Бон
Отсечена човечка глава пронајена пред зградата на судот во Бон, Германија. Во близина на брегот на реката Рајна било пронајдено и торзо.
Приведен е 38-годишен маж кој имал досие поврзано со наркотици. Се верува дека и осомничениот и жртвата биле бездомници, соопшти полицијата.
-
Свет 29.06.2022 10:50
Шкотска: Референдум за независност во октомври идната година
Шкотската премиерка Никола Старџен најави дека Парламентот ќе донесе мерка за организација на референдумот за независност од Велика Британија. За датум е избран 19 октомври 2023 година.










