Размена на ракетни напади меѓу Русија и Украина, продолжува битката за Донбас. Во Киев погодена станбена зграда. Има загинати и повредени. Жртви и во Черкаси. Преку реката Дњепар урнат мост. Проруските сили во Луганск тврдат дека евакуирале цивили од фабриката „Азот“ во Северодоњецк.
-
Свет 27.06.2022 10:01
-
Свет 27.06.2022 09:51
Иран повторно го тестираше сателитскиот лансер „Зулџана“
По втор пат, Иран ја тестираше сопствената ракета - сателитскиот лансер „Зулџана“.
Според државните медиуми, пробата била извршена за истражувачки цели.
-
Свет 27.06.2022 09:45
САД : Три жртви во судир меѓу воз и автомобил
Три лица загинаа во судир меѓу воз и автомобил во северна Калифорнија. Несреќата се случила во Брентвуд, југоисточно од Сан Франциско. Во судирот има и тројца повредени.
Возот на „Амтрак“ во моментот певезувал 80 патници. Полицијата води истрага за случајот.
-
Свет 27.06.2022 09:37
Колумбија: Шест жртви при уривање на трибина за борба со бикови
Шест лица загинале, а уште 150 други се повредени откако се урна трибина на импровизирана арена за борба со бикови во градот Еспинал, Колумбија.
-
Свет 26.06.2022 16:53
Самит Г-7: Во фокус војната во Украина и цената на нафтата
Во Германија, во баварското планинско одморалиште, почна самитот на Г-7. Главна тема е војната во Украина и цената на нафтата.
-
Свет 26.06.2022 12:38
Зеленски: Ќе ги вратиме сите наши градови
Повторно експлозии во украинскиот главен град Киев. Погоден е станбен комплекс во близина на центарот на градот. Претседателот Зеленски рече дека Украина била погодена од 45 руски проектили во последните 24 часа.
-
Свет 26.06.2022 10:08
Трамп: Врховниот суд прогласи победа на животот
„Врховниот суд прогласи победа на уставот, победа на владеењето на правото, но пред сè победа на животот“ – рече поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, за одлуката на Врховниот суд со која се воведе забрана за абортус на федерално ниво.
-
Свет 26.06.2022 10:06
Бајден го потпиша законот за безбедност на оружјето
Претседателот на САД, Џо Бајден го потпиша законот за безбедност на оружјето.
Со тоа почнува првата реформа на трговијата со оружје на федерално ниво во изминатите 30 години.
Пред неколку дена американскиот Врховен суд ги прошири правата за поседување и носење на оружје.
-
Свет 26.06.2022 10:06
Експлозии во главниот град на Украина
Повторно експлозии во украинскиот главен град Киев. Погоден е станбен комплекс во близина на центарот на градот.
-
Свет 26.06.2022 09:46
Почнува самитот на лидери на Г7
Лидерите на големите сили, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, од денеска се состануваат во Баварските Алпи на годишниот собир на седумте најиндустриски развиени земји во светот.










