Истокот на Украина останува примарно жариште и на прагот на петтиот месец од вооружениот конфликт со Русија. Во Доњецк е оштетен телевизиски центар. Според УНХЦР, Украина досега ја напуштиле осум милиони луѓе.
-
Свет 23.06.2022 09:59
-
Свет 23.06.2022 09:47
Пожар во Мармарис, се евакуира населението
Се шири пожарот во туристичкото летувалиште Мармарис.
Иако накусо беше локализиран, високите температури повторно го разгорија огнот кој беше пријавен пред два дена кај Амазонскиот Залив. Операциите на противпожарните екипи се отежнати од силниот ветер.
-
Свет 22.06.2022 18:39
Бугарското Собрание изгласа недоверба на Владата на Петков
Владата на Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков падна. Бугарските пратеници штотуку ѝ изгласаа недоверба.
Предлогот да се изгласа недоверба го поддржаа 123 пратеници во 240-члениот парламент.
-
Свет 22.06.2022 15:12
САД: Нацрт закон за ограничување на пристапот до огнено оружје
Американски сенатори од двете партии претставија нацрт закон за ограничување на пристапот до огнено оружје.
Првото процедурално гласање за пакетот треба да биде вечер.
-
Свет 22.06.2022 15:07
Опожарени осум полициски возила во Минхен
Опожарени осум полициски возила во Минхен пред самитот на Г-7 во јужна Германија. Сите биле паркирани пред хотелот каде што престојува обезбедувањето на настанот. Во тек е истрага за инцидентот.
-
Свет 22.06.2022 13:24
Руската војска се доближува до Лисичанск, цивилни жртви во гранатирањата на Харков
Руската војска се доближува до Лисичанск. 15 цивили се убиени во гранатирањата на Харков. Двете страни ги интензивираат битките, но и ја заоструваат реториката непосредно пред одлуката на Брисел за кандидатскиот статус за Украина во ЕУ.
-
Свет 22.06.2022 11:33
Во Хрватска рекорден број издадени боледувања минатата година
Според Заводот за здравствено осигурување, дневно во просек на боледување оделе околу 33 илјади луѓе.
-
Свет 22.06.2022 10:22
Бугарскиот парламент денес гласа за недоверба на владата на Петков
Центристичката коалициска влада на бугарскиот премиер Кирил Петков вечер ќе се соочи со гласање недоверба, што го побара главната опозициска партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов.
-
Свет 22.06.2022 09:55
Ди Мајо го напушта „Движењето пет ѕвезди“
Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо го напушта „Движењето пет ѕвезди“ за да формира нова парламентарна партија, поддржана од премиерот Марио Драги.
-
Свет 22.06.2022 09:51
Украина: 15 цивили се убиени во гранатирањата на Харков
Руската војска се доближува до Лисичанск. 15 цивили се убиени во гранатирањата на Харков.










