Бугарското Народно собрание денеска ќе одржи вонредна седница на која единствена точка ќе биде расправата за гласање недоверба на владата на Кирил Петков.
-
Свет 21.06.2022 09:27
-
Свет 20.06.2022 14:38
Нов силен земјотрес го погоди град Сузу
Земјотрес со сила на од пет степени според Рихтер го погоди градот Сузу во северна Јапонија.
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Нема опасност од цунами.
Градот Сузу се наоѓа на врвот на полуостровот Ното на брегот на јапонското море.
-
Свет 20.06.2022 14:36
Иран е подготвен да продолжи со преговорите за нуклеарниот договор
Иран е подготвен да се врати на преговори со светските сили во Виена за обновување на нуклеарниот договор, со кој официјален Техеран би се обврзал да го прекине развојот на нуклеарни проекти.
Иран ги обвинува САД за сегашниот ќорсокак во кој се наоѓаат преговорите.
-
Свет 20.06.2022 13:56
Емануел Макрон не доби апсолутно мнозинство во парламентот
Поразен на парламентарните избори, претседателот на Франција се најде без мнозинство во Собранието. Радикалната левица станува една од главните сили во Собранието. Со 89 избрани пратеници, Националниот собир предизвика изненадување.
-
Свет 20.06.2022 11:55
Продолжуваат битките во Донбас
Продолжуваат битките во Донбас. Руската армија е сконцентрирана на истокот на Украина. Вооружени пресметки и преку границата. Властите во Брјанска област известуваат за ракетен напад од украинска страна.
-
Свет 20.06.2022 10:44
Премиерот Албанез одби да интервенира за Асанж
Австралискиот премиер Ентони Албанез нема да бара САД да запрат со судско гонење на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.
-
Свет 20.06.2022 10:10
Левичарот Петро победи на претседателските избори
Историска победа на левицата во Колумбија. Поранешниот герилец Густаво Петро триумфираше на претседателските избори со што стана првиот левичар на чело на земјата со 50 милиони жители.
-
Свет 20.06.2022 10:02
Зеленски: Русија ќе ги засили нападите
Продолжуваат битките во Донбас. Руската армија е сконцентрирана на истокот на Украина, Северодеоњцк и Лисичанск меѓу главните жаришта. Претседателот Зеленски најавува историска недела во која ЕУ ќе го даде одговорот за кандидатскиот статус за Украина.
-
Свет 20.06.2022 09:46
Макрон го загуби апсолутното мнозинство во Парламентот
За помалку од два месеца откако беше реизбран за претседател, Емануел Макрон ја загуби контролата врз Народното собрание поради зголемената поддршка за левичарската коалиција и ултрадесничарите на парламентарните избори.
-
Свет 19.06.2022 15:34
Вториот круг парламентарни избори во Франција-дуел меѓу Макрон и Меланшон
Вториот круг на парламентарните избори во Франција е своевиден дуел на оддалеченост меѓу претседателот Емануел Макрон и лидерот на обединетата левица Жан Лук Меланшон.










