Руски „Гаспром“ ја стопира испораката за Бугарија и Полска бидејќи не извршиле плаќање во рубли.
-
Свет 27.04.2022 11:33
-
Свет 27.04.2022 10:29
Во тек е масовно тестирање за Ковид-19 во Пекинг
Во Пекинг почна масовното тестирање на Ковид-19 откако изминатите неколку дена беа откриени кластери локални инфекции.
-
Свет 27.04.2022 10:11
Пет години затвор за поранешната лидерка Су Чи
Аун Сан Су Чи, 76-годишната нобеловка и поранешна лидерка на Мјанмар доби 5-годишна затворска казна. Судот, со кој владее војската ја прогласи за виновна поради корупција.
Обвинета е за голем број кривични дела, вклучително и измама на гласачите.
-
Свет 27.04.2022 09:53
Бугарија и Полска без испорака на руски гас
Руски „Газпром“ ја стопира испораката за Бугарија и Полска.Властите во Софија тврдат дека тие целосно ги исполниле своите обврски и плаќања кон Русија, согласно постоечкиот договор кој истекува во декември годинава, но и покрај тоа добиле известување дека ќе бидат суспендирани.
-
Свет 27.04.2022 09:32
Војната продолжува, Москва и Киев не се откажуваат од разговорите
Жестоки битки во Донбас. Областа е под силен оган уште од почетокот на руско-украинската војна. Во третиот месец и втората етапа од судирот, силите под команда на Москва се фокусираат на јужниот и источниот дел на Украина.
-
Свет 26.04.2022 19:14
Русија ја прекина испораката на гас за Полска
Русија ја прекина испораката на гас за Полска, пренесува порталот Онет, повикувајќи се на неофицијални информации од владини кругови и енергетската компанија PGNiG.
Како што се наведува, формиран е кризен штаб во Министерството за климатски прашања.
-
Свет 26.04.2022 17:30
Итна седница на Советот за безбедност на Молдавија
Самопрогласениот независен молдавски регион Придњестровје го зголеми нивото на закана од тероризам поради опасност од вакви напади и проширување на конфликтот од Украина.
-
Свет 26.04.2022 13:02
Зеленски: Победата на Украина е неизбежна
Рускиот министер за надворешни работи Лавров ја обвини Украина дека провоцира трета светска војна. Предупреди дека заканата од нуклеарен конфликт не би требала да се потцени. Рече дека НАТО е во своевидна војна со Русија зашто ја снабдува Украина со оружје.
-
Свет 26.04.2022 12:39
Пекинг спроведува масовно тестирање на населението
Главниот град на Кина бележи се поголем број на заразени со коронавирус.
Властите во Пекинг наредија 3,5 милиони жители во најголемиот кварт Чаојанг да спроведат тестирања. Повеќе од десетина станбени згради во Чаојанг, амбасади и меѓународни бизниси, се затворени.
-
Свет 26.04.2022 10:42
Шведска и Финска во мај ќе побараат прием во НАТО
Финска и Шведска планираат во исто време во мај да објават дека сакаат да се придружат на НАТО.










