Парламентарни избори во Словенија, деветти по ред од осамостојувањето на државата.
Учествуваат 20 партии и 1.464 кандидати кои се борат за 88 од 90 пратенички места во Државниот збор (Парламентот).
Парламентарни избори во Словенија, деветти по ред од осамостојувањето на државата.
Учествуваат 20 партии и 1.464 кандидати кои се борат за 88 од 90 пратенички места во Државниот збор (Парламентот).
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Континуирани битки и меѓусебни обвинувања и на крајот од вториот месец од руско-украинската војна. Ни велигденските празници не успеаја да го намалат интензитетот на вооружените пресметки меѓу двете поранешни советски републики во коишто доминира православната верска заедница.
Силен земјотрес од 6,1 степен по рихтер синоќа ја погоди Босна и Херцеговина. Епицентарот е регистриран на 15 километри од Столац. 28-годишна девојка загина откако карпа паднала врз нејзината куќа. Во потресот полесно се повредени и членовите на нејзиното семејство.
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Русија го одбила предлогот за прекин на огнот за време на Велигденските празници. Рече дека сепак сè уште има надеж за мир. Им се заблагодари на САД за новиот пакет од 800 милиони долари воена помош.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател во заминување Мун Џае Ин размениле писма на пријателство.
Темата на овогодинешниот Светски ден на планетата земја е „Инвестирајте во нашата планета“. Зелените инвестиции за одржлива иднина ќе бидат во фокусот на организаторите од мрежата, чија мисија е да ги диверзифицира, едуцира и активира еколошките движења ширум светот.
Се стега обрачот околу основачот на „Викиликс“, кој објави извештаи за наводни воени злосторства на САД.
Неговите адвокати имаат само уште четири недели на располагање да ги убедат британските власти. Изгледите се лоши. Асанж од април 2019 е во лондонскиот затвор „Белмарш“.
Најмалку 30 луѓе загинале во експлозија во џамија во градот Мазар-и-Шариф. Во болниците биле примени уште 80 ранети лица. А според властите бројот на загинатите може да се зголеми.
Две лица загинаа во пожар во Централниот истражувачки институт на силите за воздушна одбрана во рускиот град Твер, едно лице се води како исчезнато, а 20 се повредени.