Бугарскиот премиер Петков во посета на Киев. На средбата со претседателот Зеленски истакната поддршката за Украина од самиот почеток на руската инвазија.
-
Свет 28.04.2022 19:40
-
Свет 28.04.2022 12:58
Бугарија под притисок откако „Гаспром“ го прекина снабдувањето
Бугарија е под притисок по последната одлука на Москва да го прекине снабдувањето на природен гас. Засега нема рестрикции во земјата и се бараат решенија за одржување на состојбата под контрола. Делегација од Софија замина за Брисел на разговори во европската комисија.
-
Свет 28.04.2022 12:47
Гутереш во Украина: Војната е апсурд на 21 век
„Војната е зло, војната е апсурд на 21 век“ – порача генералниот секретар на ОН. По московските средби со рускиот државен врв, Антонио Гутереш во посета на Украина.
-
Свет 28.04.2022 10:52
Највисоко ниво на американскиот долар во изминатите пет години
Поради несигурноста на финансикиот пазар, вредноста на американскиот долар постојано се зголемува во споредба со референтните валути, достигнувајќи највисоко ниво во изминатите пет години.
-
Свет 28.04.2022 10:49
Кина продолжува со тестирањата
Шангај почна нов круг тестирања за Ковид-19 со цел безбедно отворање на делови од градот кои постигнале општествена нула на заразата, откако вчера во земјата беа пријавени над 14 илјади нови случаи од кои 95 насто во овој глобален финансиски центар.
-
Свет 28.04.2022 10:14
Жестоки борби во Мариупол
64 ден од војната во Украина. Најжестоките борби се водат во Мариупол околу „Азовстал“. Обединетите Нации подготвуваат евакуација на цивилите од фабриката. Вооружени пресметки и во Херсон. Украинските војници во Доњецк оптимисти за крајниот исход од фронтот на истокот.
-
Свет 28.04.2022 09:35
Во Цетиње се избира нова Влада
Парламентот на Црна Гора избира нова малцинска Влада, предложена од мандатарот Дритан Абазовиќ. Ќе има 18 ресори, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор.
-
Свет 27.04.2022 18:39
Путин: Ќе бидат постигнати сите цели на Русија
Рускиот претседател Путин пред Парламентот вети дека сите цели на, како што Москва ја нарекува, специјалната воена операција во Украина ќе бидат остварени. Според него, тоа ќе ја гарантира безбедноста на жителите на Донбас и на Крим.
-
Свет 27.04.2022 15:39
Реакции за запрената испорака на гас
Руски „Гаспром“ ја стопира испораката на гас за Бугарија и Полска, бидејќи не извршиле плаќање во рубли. Бугарскиот премиер Петков, чекорот го оцени како грубо кршење на договорот и уцена.
-
Свет 27.04.2022 13:47
Црна Гора: Закани за бомби до неколку локални самоуправи
Дојава за бомби во училишта и општински згради во неколку градови на Црна Гора. Тревога и во кабинетот на црногорскиот претседател Ѓукановиќ.
Полицијата ги евакуираше луѓето од објектите и врши претрес во Никшиќ, Бар и Беране. Во акцијата не се пронајдени експлозивни уреди.










