Опозициската либерална партија убедливо победи на вчерашните парламентарни избори во Словенија. Според првичните официјални резултати, досегашниот премиер Јанез Јанша, кој беше обвинет дека ја турнал малата земја од Европската унија надесно додека бил на функцијата, претрпе убедлив пораз.
-
Свет 25.04.2022 12:37
-
Свет 25.04.2022 10:49
Роберт Голоб победник на изборите во Словенија
Новата либерална партија Движење Слобода на поранешниот менаџер Роберт Голоб победи на изборите во Словенија.
-
Свет 25.04.2022 10:46
Големи протести по победата на Макрон
Француската полиција фрли солзавец врз демонстрантите во центарот на Париз кои протестираа откако претседателот Емануел Макрон повторно победи на изборите.
-
Свет 25.04.2022 10:16
Блинкен и Остин во Киев разговараа со Зеленски
Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во 61. Ден. Американскиот државен секретар Блинкен му порача на украинскиот претседател Зеленски дека американските дипломати ќе се вратат во Украина.
-
Свет 24.04.2022 22:52
Според засега преброените гласови, Голоб со рекорден број пратенички места
Парламентарни избори во Словенија. Според последните излезни анкети, партијата „Движење за слобода“ на чело со Роберт Голоб, главниот противник на актуелниот премиер Јанез Јанша, победила со околу 35,8 насто, додека СДС на Јанша има 22,5 проценти од гласовите.
-
Свет 24.04.2022 22:17
Макрон останува претседател на Франција
Емануел Макрон останува во Елисејската палата и во наредните пет години.
Излезните анкети покажуваат дека актуелниот претседател на изборите освоил околу 58 проценти од гласовите, со што по втор пат ја победи десничарката Ле Пен.
-
Свет 24.04.2022 19:20
Затворени гласачките кутии во Словенија
Затворени гласачките кутии во Словенија, на деветтите парламентарни избори од независноста. Во трка беа 20 партии и над 1.400 кандидати за влез во парламентот со 90 пратенички места.
-
Свет 24.04.2022 15:28
Потона туристички брод во Јапонија
Јапонската крајбрежна служба најде деветмина патници од туристичкиот брод кој исчезна во северните води кај полуостровот Ширетоко.
Нивната состојба засега е непозната. Властите изгубија контакт со пловилото откако бил испратен сигнал за помош поради поплавување на дел од бродот.
-
Свет 24.04.2022 14:33
Напад врз кафуле во Истанбул
Едно лице загина, а едно е тешко повредено во нападна кафуле во Истанбул откако вооружени лица на мотор отвориле оган кон посетителите на локалот.
Инцидентот се случил во населбата Багчилар.
Полицијата трага по напаѓачите. Не се знае дали се работи за терористички напад.
-
Свет 24.04.2022 11:25
Војната продолжува, нема најави за прекин на огнот
Путин на литургија во Москва, Зеленски на прес-конференција во метро во Киев. Вака лидерите на Русија и Украина ја минаа велигденската ноќ додека на јужниот и источниот фронт ескалираа битките кои веќе влегоа во третиот месец. Последните жртви се во Одеса.










