Не стивнуваат протестите на францускиот остров Корзика. 67 лица се повредени од кои 44 полицајци во демонстрации за поддршка на затворениот корзикански активист за независност, Иван Колона.
Тој е во кома, откако на почетокот на месецов беше нападнат од затвореник осуден за тероризам.









