Тело на 13-годишно момче беше извлечено од спасувачките екипи во Индонезија кои ја продолжија потрагата по саботната ерупција на вулканот на Јава.
Телото на момчето беше пронајдено во најпогодената област- селото Самбервулух.
Тело на 13-годишно момче беше извлечено од спасувачките екипи во Индонезија кои ја продолжија потрагата по саботната ерупција на вулканот на Јава.
Телото на момчето беше пронајдено во најпогодената област- селото Самбервулух.
Сириската војска соопшти дека израелски воени авиони истрелале проектили врз пристаништето во крајбрежниот град Латакија. Во нападот нема човечки жртви.
Силни ветрови и екстремно обилен дожд ги поплави патиштата и урна далноводи и дрвја низ Хаваите. Властите предупредуваат дека бурата ќе биде уште поекстремна во наредните денови.
Претседателите на Русија и на САД, Путин и Бајден на состанок преку видео врска ќе се обидат да ја надминат големата меѓусебна недоверба, која, според САД е загрозена од можната руска инвазија на Украина.
„Омикрон е помалку опасен од Делта“ – тврди доктор Ентони Фаучи, инфектолог и главен советник на американскиот претседател Џо Бајден. Извештаите од Јужна Африка, каде што се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена.
Идната сабота, во Земјината орбита ќе влезе астероид со големина на Ајфеловата кула. Според НАСА, ова небесно тело долго 330 метри ќе се движи со брзина од 23.700 км на час.
Поранешната лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи е осудена на четири години затвор, што е прва од серијата пресуди со кои може да добие и доживотна затворска казна.
„Омикрон“ е помалку опасен од „делта“ – тврди доктор Ентони Фаучи, инфектолог и главен советник на американскиот претседател за пандемијата.
Извештаите од Јужна Африка, каде што се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена.
Властите во Њујорк потврдија дека имало пет случаи на новата варијанта на коронавирусот, Омикрон. Порачаа дека нема причина за паника и ги повикаа жителите да продолжат да се вакцинираат и да носат маски.
„Не толерирајте омраза“, порача Ангела Меркел на прошталната церемонија во Берлин на која присуствуваа членовите на политичката елита, освен радикалната „Алтернатива за Германија“ која не беше поканета.