Поради заболен волонтер е запрена финалната фаза од клиничкото испитување на т.н. оксфордска вакцина против ковид-19. Третата фаза на тестирање се спроведуваше на 30.000 лица во Велика Британија, во САД, во Бразил и Јужна Африка. Ова е втор прекин на испитувањето на „оксфордската вакцина“.
-
Свет 09.09.2020 14:27
-
Свет 09.09.2020 11:56
Иран гради сала за нуклеарни центрифуги
Иран почна да гради сала за центрифуги во планински предел во близина на централата Натанз. Во јули во пожар беше оштетен еден од производствените погони, што според властите било саботажа која го забавила производството на збогатен ураним.
-
Свет 09.09.2020 10:36
Запрено кличиничкото испитување на „Оксфордската вакцина“
Поради заболен волонтер е запрена финалната фаза од клиничкото испитување на т.н. оксфордска вакцина против ковид-19. Третата фаза на тестирање се спроведуваше на 30.000 лица во Велика Британија, во САД, во Бразил и Јужна Африка.
-
Свет 08.09.2020 10:12
Во Русија произведена првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба
Во Русија е произведена првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба, а наскоро ќе следи и дистрибуцијата низ сите региони во земјата.
-
Свет 14.08.2020 13:31
Продолжуваат протестите во Белорусија, демонстрантите не се откажуваат од барањата
Продолжуваат протестите против власта во Белорусија. Демонстрантите не се откажуваат од барањата, сметаат дека Лукашенко е нелегално избран по 6-ти пат за претседател.
-
Свет 14.08.2020 11:23
Продолжуваат протестите во Бугарија за оставка на владата
Демонстрантите повторно ги окупираа улиците во Софија барајќи оставка на премиерот Борисов. Поставените шатори ги блокираат трите сообраќајници во главниот бугарски град пред Парламентот како место од каде секоја вечер почнуваат протестите.
-
Свет 13.08.2020 12:36
Расте бројот на заразени со Ковид-19 во светот
Се зголемува бројот на заразени од коронавирусот во светот. Нови случаи пријавија Украина, Бразил, Нов Зеланд, Кина и Мексико, каде само за само едно деноноќие се регистрирани над 700 починати.
-
Свет 12.08.2020 13:04
Грција бара итен состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ
Грција инсистира на вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, поради одлуката на Турција да почне сеизмичко истражување во спорната област на источниот Медитеран.
-
Свет 11.08.2020 13:35
Либан: Државниот врв бил предупреден за опасноста
Либанските разузнавачи минатиот месец ги предупредиле премиерот и претседателот дека складираниот амониум нитрат во Бејрутското пристаниште е безбедносен ризик и ако експлодира, може да го уништи главниот град.
-
Свет 11.08.2020 12:03
Белорусија: Продолжуваат нередите по изборните резултати
Уште една ноќ со протести и немири во Белорусија. Десетици се повредени, има и нова жртва од детониран експлозивен уред. Демонстрантите и натаму одбиваат да ги прифатат резултатите од претседателските избори на кои триумфираше Лукашенко и успеа да го продолжи својот мандат до 2025 година.










