Италијанскиот Сенат, по барање на премиерот Конте, донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15-ти октомври. Конте претходно побара од Парламентот продолжување на вонредната состојба што ќе му овозможи да владее со декрети, и покрај силното спротивставување на опозициските партии.
-
Свет 29.07.2020 10:36
-
Свет 28.07.2020 11:26
Ковид-19: Бројот на заболени двојно зголемен во изминатите шест недели
Пандемијата на Ковид-19 се забрзува, а бројот на заболените е двојно зголемен во изминатите шест недели, соопшти директорот на СЗО, Теодос Аданом Гебрејес. Истакна дека коронавирусот го смени светот, ги подели луѓето и заедниците.
-
Свет 27.07.2020 13:38
Ковид-19: Над 16 милиони заразени, светот чека вакцина
Не стивнува пандемијата со коронавирусот во светот со повеќе од 16 милиони случаи на заразени. Од нив повеќе од половина се на американскиот континент. Од 1 јули се регистрирани повеќе од пет милиони нови случаи, односно повеќе од третина од почетокот на пандемијата. Починаа над 640.000 луѓе.
-
Свет 24.07.2020 12:36
Се затвора американскиот конзулат во Ченгду
Кина нареди затворање на американскиот конзулат во југозападниот град Ченгду, откако Вашингтон претходно го затвори кинескиот конзулат во Хјустон. Медиумите пишуваат дека потегот доведува до ескалација на тензиите меѓу двете светски сили на ново ниво.
-
Свет 24.07.2020 11:49
Помпео: Можно е Русија да се насочи против Кина
Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео апелираше до американските сојузници да „применат покреативни и поефикасни начини“ на притисок врз официјален Пекинг за да го смени своето однесување.
-
Свет 24.07.2020 11:01
Над три милиони заболени со коронавирус во Европа
Европа го надмина прагот од три милиони заразени со коронавирусот. Состојбата е загрижувачка и на Американскиот континент. На светско ниво се регистрирани над 620.000 смртни случаи и над 15 милиони заразени.
-
Свет 23.07.2020 14:32
Гејтс: Ќе бидат потребни две до три дози од вакцината
Ќе биде потребна повеќе од една доза од вакцината за имунизација против коронавирусот, а на повозрасните можеби и три дози, изјави основачот на Микрософт, Бил Гејтс. Истакна дека пронаоѓањето вакцина ќе бара голем напор на глобално ниво.
-
Свет 23.07.2020 11:00
Нови жаришта на Ковид-19 во Европа
Европа се соочува со нови жаришта на Ковид- 19. Според најновите податоци, Шпанија, Романија, БиХ, и Хрватска се помеѓу најтешко погодените земји од вирусот, наведуваат италијански медиуми.
-
Свет 22.07.2020 16:24
СЗО: Епидемиолошката ситуација на Балканот загрижувачка
Епидемиолошката ситуација и трендовите на југот на Европа и на Балканот се загрижувачки, оцени началникот на секторот за вонредни ситуации при СЗО, Мајк Рајан.
-
Свет 22.07.2020 13:20
Чикаго: 14 луѓе повредени во вооружена престрелка за време на погреб
Најмалку 14 луѓе се повредени во вооружена престрелка за време на погреб во Чикаго. Инцидентот се случил во озогласениот јужен дел на градот. Од автомобил во движење бил отворен оган кон луѓето кои се наоѓале пред капелата.










