Американските агенции за компјутерска безбедност предупредуваат дека хакери од Кина се обидуваат да украдат податоци поврзани со испитувања на вакцини против Ковид-19.
-
Свет 12.05.2020 12:02
-
Свет 12.05.2020 10:51
Германија ќе издвои 750 милиони евра за вакцина против Ковид-19
Германската Влада стави на располагање 750 милиони евра за да го забрза процесот на производството и развој на вакцина против новиот коронавирус.
-
Свет 11.05.2020 10:10
Јужна Кореја ги затвора ноќните клубови кои станаа жаришта на Ковид-19
Градоначалникот на градот Инчон во близина на Сеул нареди привремено затворање на клубовите, дискотеките и другите угостителски објекти, поради загриженост за втор бран на коронавирусот.
-
Свет 08.05.2020 11:19
Во Кина регистриран само еден нов случај на коронавирусот
Во Кина вчера е регистриран само еден нов случај на зараза со коронавирусот и ниту еден „увезен случај“, соопшти Националната здравствена комисија.
Вкупниот број на заразени во Кина изнесува 82.886, а починале 4.633 лица, соопштија здравствените власти.
-
Свет 07.05.2020 09:47
Околу 90.000 здравствени работници во светот се заразени со новиот коронавирус
Се проценува дека најмалку 90.000 здравствени работници во светот се заразени со коронавирусот, иако тој број би можел да биде двојно поголем, се вели во соопштение на Меѓународниот совет на медицински сестри (МЦН).
-
Свет 06.05.2020 10:31
Се зголемува бројот на излекувани од Ковид-19, се намалува на заболените во критична состојба
Од новиот коронавирус досега во светот се излекувале 1.242.432 лица, а се намалува и бројот на заболени кои се критична состојба, кој сега изнесува два отсто.
Според Ворлдметерс, во светот досега од вирусот Ковид-19 се заразија 3.727.936 лица, а починаа 258.344 луѓе.
-
Свет 06.05.2020 09:51
Провинцијата Хубеи 32 дена без нов случај на Ковид-19
Во Кина денеска се пријавени два нови случаи на коронавирусот, додека провинцијата Хубеи, некогашно жариште на епидемијата, го одбележува 32-от ден без нов случај на оваа зараза.
-
Свет 05.05.2020 11:28
Курц: Западен Балкан не смее да биде оставен сам во корона кризата
Западен Балкан е регион во нашата непосредна близина и затоа ние имаме најголем интерес да биде стабилен и земјите од регионот да имаат европска перспектива, порача австрискиот канцелар Себастијан Курц во пресрет на утрешниот Самит на ЕУ за Западен Балкан.
-
Свет 04.05.2020 10:08
Трамп: Вакцина за новиот коронавирус до крајот на годината
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вакцината против новиот коронавирус ќе биде откриена до крајот на оваа година.
Сметаме дека ќе ја имаме вакцината до крајот на оваа година, рече Трамп во изјавата за „Фокс њуз“.
-
Свет 03.05.2020 10:16
Протести во Германија против мерките за ограничување воведени поради пандемијата
Неколку протести се одржаа во Германија против ограничувањата наметнати од властите во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Најголемиот протест се одржа во Штутгарт, каде, според организаторите, се собрале околу 5.000 граѓани.









